Вегански рецепт: здрав карфиол во облик на „Mac and Cheese“

Цветовите од карфиол прелиени со вегански крем сос се совршен прилог или главно јадење. А еве и како да го подготвите овој специјалитет.

Вегански рецепт: здрав карфиол во облик на „Mac and Cheese“

Потребни состојки:

  • 1 главица карфиол, разделен на цветови
  • 240 мл незасладено бадемово млеко
  • 150 г млади моркови
  • 65 г ореви
  • 2 лажички сув квасец
  • 2 лажички сенф
  • 1 лажичка мелен бибер
  • 1/2 лажичка лук во прав
  • 1/2 лажичка кромид во прав
  • 1 лажичка сол

Начин на подготовка:

  1. Ставете во тенџере на оган 500 мл вода и оставете водата да зоврие.
  2. Додадете ги цветовите карфиол, покријте ги со капак и оставете ги да се варат 10 минути за да омекнат. Исцедете ги и тргнете ги на страна.
  3. Измешајте ги оревите и морковите и залијте ги со вода. Варете ги на ниска температура 10-12 минути или додека морковите не омекнат.
  4. Ставете ги оревите и морковите во блендер, додајте го бадемовото млеко, сувиот квасец, сенфот, кромидот и лукот во прав, биберот и морската сол. Промешајте додека смесата не стане мазна и кремаста.
  5. Додајте го карфиолот во сосот, измешајте и сервирајте.

Можеби сакате да прочитате како се подготвуваат и посни крофни со шлаг.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар