Еве како да заминете дури и ако не го сакате тоа

Еве како да заминете дури и ако не го сакате тоа

Понекогаш напуштањето на некого е единствената опција што ја имате. Затоа не двоумете се. Прочитајте ги фазите кои ги поминуваат оние кои се во таква ситуација и дознајте што ве очекува ако донесете таква одлука.

Еве како да заминете дури и ако не го сакате тоа

Прво, застанете

Престанете да трчате по него/неа. Престанете да нудите можности. Престанете да се обидувате да ги поправите нештата. Престанете да се трудите. Застанете и запрашајте се зошто го правите тоа. Дали вреди? Треба ли нештата да бидат толку тешки?

Престанувате да смислувате изговори, престанете да бидете премногу рационални, не бидете слепи и почнувате полека да ги отворате очите за сите предупредувачки знаци што ги игнориравте, затоа што веќе ви е преку глава од лошата комуникација, од „белите лаги“, од она што луѓето ви го кажуваат и сега започнувате да сфаќате дека имавте проблем од првиот ден, но едноставно не сакавте тоа да си го признаете затоа што сакавте да верувате дека тогаш нештата биле различни, но дека овојпат сте способни да донесете подобра одлука.

Потоа се обидувате да заборавите

Ги бришете сите пораки, сите слики, се преправате дека тој/таа никогаш да не постоел, заборавате како сте се чувствувале, заборавате што ви кажал/а, ги заборавате сите негови/нејзини ветувања што не биле ништо друго освен еден куп лаги кои направиле да заборавате кои сте додека сте биле во врска.

Тогаш се сеќавате

Се сеќавате дека сте биле во ред пред да тој/таа да влезе во вашиот живот, се сеќавате дека имате живот што треба да го живеете. Се присетувате на личноста која некогаш бевте. Се сеќавате дека имате поголеми нешта за кои треба да се грижите, имате планови и цели што треба да ги постигнете. Имате патувања и одмори кои треба да ги испланирате со пријателите. Имате цел живот пред вас за да ја сретнете личноста која ќе го заслужи секој грам од вашата љубов. Сфаќате дека луѓето сепак ве сакаат, иако личноста што толку ја сакавте не била способна да ве сака.

Потоа го оставате нештата да се одвиваат

Без разлика дали ќе закрепнете и ќе се помирите или дали тој/таа ќе се врати да ви се извини, или само ќе заборавите на него/неа и ќе најдете некој подобар партнер, оставате нештата да се случат. Вие сте се обиделе и сте направиле сè што е во ваша моќ, сега е време Универзумот да ја одигра својата улога. Нештата понекогаш стануваат многу повозбудливи отколку што очекувате.

Можеби сакате да дознаете и колку трае болката по раскинувањето?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар