Една студија тврди дека кучињата во основа се слични на луѓето

Една студија тврди дека кучињата во основа се слични на луѓето

Добра вест за оние кои велат дека ги сакаат своите кучиња онолку колку што другите ги сакаат своите деца.

Една студија тврди дека кучињата во основа се слични на луѓето

Многу луѓе тврдат дека кучињата не се толку различни од луѓето околу нив, па дојде ред и науката да потврди дека тие се во право.

Кучињата само сакаат да чувствуваат љубов, исто како и сите нас.

Наодите од една јапонска студија објавена во списанието „Science“, откриваат дека нашите крзнени пријатели го имаат истото лачење на окситоцин, хормонот одговорен за љубов и поврзување, како и луѓето, кога ќе погледнат во очите на нивните сопственици.

Студијата опфатила сопственици на 30 кучиња, чии раси биле златни ретривери, лабрадори, минијатурни шаузери и јазовичари, пудлици, како и боксери, германски овчари и слично. Од сите сопственици се барало да ги погледнат своите кучиња во очи.

Колку подолго луѓето и кучињата се гледале во очи, толку повеќе се лачело окситоцин и кај луѓето и кај кучињата.

Окситоцинот е хормон кој се поврзува со приврзаност и љубов, а истиот тој хормон е одговорен и за приврзаноста на децата со нивните родители.

За да бидат сигурни, истражувачите ја следеле интеракцијата помеѓу волците и професионалците кои ги дресирале, ги одгледувале, ги хранеле и си играле со нив. Волците не разменувале погледи со овие лица и кај нив не се зголемувало лачењето на окситоцин. Ова е веројатно, бидејќи волците го сфаќаат контактот со очите како чин  на агресија, додека пак кучињата со текот на времето еволуирале и покажале повеќе човечки црти.

Значи, луѓето кои тврдат дека ги сакаат своите миленици како да се нивно дете, не се целосно „луди“.

Чувството не само што е вистинско, тоа ви е и возвратено од вашето куче.

Во дополнителен експеримент, истражувачите решиле да го инјектираат секое куче со доза окситоцин непосредно пред да бидат однесени на 30-минутна дружба со нивните сопственици.

Покачувањето на хормоните го зголемил бројот и времетраењето на погледите на женските кучиња со нивните сопственици, објавиле „LA Times“, но исто така и кај нивните сопственици се зголемило нивото на излачен окситоцин. Ова не било забележано кај машките кучиња.

Како можете да го откриете ова кај вашето куче?

Според Елиша Стунчула, генерален директор и партнер на Академијата за обука на кучиња и кученца „I Said Sit“, во Лос Анџелес, одговорот е едноставен: пофалете го и погалете го кога ќе имате контакт со очите со него.

По неколку повторувања, вашето куче ќе научи дека тоа е она што го сакате и ќе забележите дека тоа почесто ќе ве гледа во очи. На овој начин позитивно ќе се поврзете со него, а зголеменото лачење на окситоцин ќе биде дополнителна придобивка.

Можеби сакате да прочитате и на кој начин кучињата помошници за дијабетичари ве предупредуваат при промена на вашата гликемија?

 


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар