На кој начин кучињата помошници за дијабетичари ве предупредуваат при промена на вашата гликемија?

На кој начин кучињата помошници за дијабетичари ве предупредуваат при промена на вашата гликемија?

Кучето е верен пријател на човекот и никогаш нема да ве напушти, но освен тоа, истражувањата покажуваат дека постои уште една важна придобивка од чувањето куче.

На кој начин кучињата помошници за дијабетичари ве предупредуваат при промена на вашата гликемија?

Анализирајќи ги податоците од околу 4.000 случаи на хипогликемија и хипергликемија кај лица со дијабетес, научниците од Универзитетот во Бристол откриле дека кај 83 % од случаите, епизодите на хипогликемија биле дијагностицирани од нивните специјално обучени кучиња.

Раса

Резултатите од нивното истражување биле објавени во списанието „PLOS one“. Во случај на дијабетес, постојат два вида кучиња помошници: оние кои ја забележуваат промената на шеќерот во крвта пред личноста да го забележи тоа (кучиња што предупредуваат за дијабетес) и оние кои реагираат во ситуација кога симптомите кај пациентот се веќе видливи и носат лекови, глукоза или мобилен телефон предупредувајќи ги најблиските (кучиња што реагираат на дијабетес).

Програмите за обука на кучиња помошници започнале да спроведуваат во многу земји вклучувајќи ги Велика Британија и Белгија. Кучињата помошници за дијабетичари мора да бидат индивидуално обучени за секој корисник. Процесот одзема многу време и вклучува луѓе кои имаат дијабетес, а кучињата треба да помирисуваат примероци од плунка во одредени фази на гликемијата за да бидат правилно обучени.

Примероците што треба да се соберат треба да бидат и позитивни и негативни, што значи дека треба да има примероци кога пациентите се во хипогликемија или во хипергликемија, но и кога тие имаат нормална гликемија. На тој начин, кучињата учат да не реагираат на негативните наоди, т.е. кога некое лице има нормален шеќер во крвта. Како најдобри кучиња помошници се покажале припадниците на расите лабрадор ретривер и златен ретривер.

Прочитајте ги овие 23 интересни факти за кучињата што е добро да се знаат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар