Потсетник за смирување за секој хороскопски знак

Потсетник за смирување за секој хороскопски знак

Во овој период на психолошка напнатост на сите ни треба совет како да се справиме со стресот и заробеноста во 4 ѕида. Еве што ви советуваат астролозите на оваа тема.

Потсетник за смирување за секој хороскопски знак

Овен

Во ред е да успорите. Не мора секогаш да сте во движење, дозволено е понекогаш да земете здив и да дишете длабоко.

Бик

Тоа што сакате да бидете безбедни не е ни малку лошо. Можеби мислите дека премногу бурно реагирате, но добро е да бидете подготвени и да се грижите за себе.

Близнаци

Не мора да знаете сè. Луѓето ве сакаат поради тоа што сте, не поради тоа што можете да направите за нив или за тоа што го знаете.

Рак

Вашите најблиски знаат дека ги сакате. Не мора секоја секунда да правите сè за да ја докажете љубовта кон нив. Тие ја чувствуваат, верувајте. Запомнете го тоа.

Лав

Во ред е да признаете дека сте под стрес. Не мора да држите сè под контрола во моментов, не е целиот товар врз вас.

Девица

Не можете да сфатите дека нештата се поразлични од тоа како вие сте ги замислиле, но добро е да ги ослободите мислите. Нема да дозволите да ја изгубите контролата и не сте подготвени да прифатите пораз. Бидете разумни колку можете, тоа е исто така важно.

Вага

Има уште убави работи на кои треба да се посветите во моментов. Дури и ако е тешко да се најдат, добро е да се признаат и негуваат сега, повеќе од кога било.

Скорпија

Нема засекогаш да останете во темнината, туку ќе ја пребродите ситуацијата и ќе продолжите понатаму. Ќе пронајдете нешто друго на што ќе се фокусирате, нешто што повторно ќе го осветли вашиот пат.

Стрелец

Не мора да правите сè. Сè уште сте целовита личност и покрај моменталните објективни ограничувања. Запомнете кои сте, пред да започнете да бегате од сè.

Јарец

Ограничени сте во дејствувањето, но помирени сте со тоа. Во ред е да направете чекор назад и да се одморите. Вие тоа го заслужувате.

Водолија

Сакате да го спасите светот, но прво мора да се спасите себеси. И вие сте важни, исто така. Не е себично да се грижите за себе.

Риби

Вашата емпатија е дар, но не е дефиниција за тоа кои сте. Луѓето сакаат да бидат видени и слушнати, но потребно е и самите да си го овозможите тоа.

Можеби сакате да прочитате и за најлошите емотивни навики на хороскопските знаци: Овните се импулсивни, а Вагата е неодлучна!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар