Што можете да добиете во Париз за 5.000 денари?

Што можете да добиете во Париз за 5.000 денари?

Париз е скап град, но не до толку за да не можете никогаш да го посетите. Оваа прекрасна метропола е достапна и за помал буџет. Овде можете да прочитате што можете да добиете таму за 5.000 денари или помалку, што денес е некаде околу 80 евра, а тоа нека ви послужи како насока за правење на буџетот ако планирате патување таму.

Што можете да добиете во Париз за 5000 денари?

Сместување

Сместувањето во Париз е скапо и е најголемиот финансиски товар при патувањето таму. За сума до 5.000 денари:

  • Можете да изнајмите соба за двајца за две ноќевања преку ЕрБнБ, но не во центарот на градот
  • 3 ноќевања во хостел за едно лице во повеќекреветна соба во центарот на градот
  • 2 ноќевања во хотел со две ѕвезди за едно лице

Што можете да добиете во Париз за 5000 денари?

Храна и пијалаци

Трошоците за храна многу зависат од вашиот апетит и тоа што сакате да јадете. Како и да е, 5000 денари ќе ви стигнат за:

  • Барем 40 кроасани, зависно од кој дел на градот ги купувате
  • Околу 30 сендвичи од супермаркет
  • До 4 „Мени на денот“ оброци за едно лице во некој поевтин ресторан
  • Барем 20 сендвичи со путер, шунка и сирење, купени од пекара
  • Околу 30 палачинки
  • Над 30 кафиња, во зависност од цените во кафулето што го посетувате
  • 15-20 чаши вино во кафуле
  • Евтино и пристојно вино во супермаркет чини околу 300 денари, така што за тие пари можете да купите петнаесетина шишиња вино

Што можете да добиете во Париз за 5000 денари?

Транспорт низ градот

Ако патувате во вака голем град мора да предвидите буџет и за градски транспорт. Со буџет од 5.000 денари ќе си овозможите:

  • Една карта за неограничено користење на метрото, автобусите, возовите, трамвајот во период од пет дена, и ќе ви останат пари
  • 47 возења со метрото, повеќе ако купите многу билети наеднаш
  • 50 возења со метрото, ако купувате по десет билети наеднаш

Што можете да добиете во Париз за 5000 денари?

Туристички атракции

Добар дел од главните туристички атракции се бесплатни, но ако ги посетувате оние за кои се плаќа влезница, со оваа сума пари можете да си го дозволите следново:

  • Шестдневен билет за сите музеи, замоци, катедрали за кои се плаќа и сл. За половина од парите можете да купите иста ваква карта која важи за два дена.
  • 3 едночасовни крстарења по Сена за двајца
  • 30-минутен аудио водич низ катакомбите за двајца
  • Сè на сè, за 5.000 денари ќе добиете дводневен билет за сите музеи и качување до врвот на Ајфеловата кула за едно лице плус крстарење по Сена за двајца, не сметајќи го изобилството од бесплатни туристички атракции

Што можете да добиете во Париз за 5000 денари?

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар