Што ќе се смени во вашиот живот кога ќе почнете да живеете во странство?

Што ќе се смени во вашиот живот кога ќе почнете да живеете во странство?

Живеењето надвор од родната земја е на некој начин привилегија. Секое ново искуство, дури и да не трае долго, може да ви го промени животот на подобро. Тоа е така затоа што ќе доживеете нешто сосема поразлично од она што ви е веќе познато. Во продолжение прочитајте што ќе се смени во вашиот живот ако решите да се преселите во друга земја…

Што ќе се смени во вашиот живот кога ќе почнете да живеете во странство?

Ќе почнете по малку да го заборавате мајчиниот јазик

Некои зборови поприродно ќе ви доаѓаат да ги кажете на странскиот јазик, отколку на мајчиниот. Ова нема да биде проблем додека живеете во странство, бидејќи тоа е знак дека добро сте го научиле новиот јазик. Меѓутоа, кога ќе зборувате со вашите пријатели и со семејството и нема да можете да го најдете зборот што сакате да го кажете, ќе се почувствувате малку оддалечено од вашите корени.

Дел од облеката постојано ќе ви биде спакувана во куфер

Секако дека ќе се распакувате штом стигнете и го почнете новиот живот, но дел од облеката ќе ви остане во куферот за секој случај. Можеби ќе треба почесто да одите на бизнис патувања или пак ќе сакате да посетите некои туристички места за време на викендот. Полесно е да се патува кога не сте дома и ќе сакате секогаш да бидете подготвени за нова авантура. Освен тоа, сигурно ќе сакате да го посетите семејството за време на празниците или за некој продолжен викенд доколку сте во можност, па затоа секогаш едниот куфер ќе ви биде спремен за патување.

Ова е вашиот живот, не сте на патување

Откако сте го спакувале целиот ваш живот во одреден број куфери, сте се качиле во авион и сте почнале отпочеток во новата земја, веднаш сте ја забележале оваа клучна разлика. Сигурно не сте морале самите да си менувате сијалици или да плаќате сметки на вашите патувања. И покрај тоа, секогаш кога ќе се вратите дома, луѓето ќе ве прашуваат „Како си помина на патувањето?“ Можеби тоа ќе ве нервира, но никој не ви мисли ништо лошо. Одговорете учтиво и споделете ги вашите доживувања.

Што ќе се смени во вашиот живот кога ќе почнете да живеете во странство?

Постојано ќе мислите на девизниот курс

Ќе ви треба некое време да се навикнете на новата парична вредност. Кога ќе пазарите, автоматски ќе пресметувате според вашата домашна валута и потоа ќе се разочарате кога ќе сфатите дека нештата всушност чинат поскапо одошто сте очекувале. Можеби вие ќе бидете тие збунети купувачи кои не можат да се снајдат со парите на каса, бидејќи сѐ уште не сте запамтиле како изгледаат сите книжни пари и монети.

Границата меѓу нормалното и чудното е нејасна

Во секоја култура постојат нешта што се прифатливи и нешта што не смее да се прават. Меѓутоа, вие како новодојденец со себе ќе понесете сосема различна листа на точно определени културно прифатливи и неприфатливи работи. Тоа може да доведе до судир на гледиштата и ќе ви треба време да се прилагодите.

Времето поинаку се мери

Ќе ви биде тешко да ги мерите нештата со помош на календарот. Понекогаш, некои неочекувани проблеми со дозволата за престој ќе ве принудат ненадејно да се преселите. Можеби ќе мора да живеете на одредена локација блиску до училиштето за јазици додека не ги положите сите тестови за да можете да се преселите на друга дестинација. Никогаш нема да бидете сигурни колку долго ќе се задржите на едно место, па затоа слободно можете да го фрлите календарот. Наместо тоа, ќе почнете да го мерите времето според најзначајните настани што ви се случиле.

Зборот „рутина“ не е повеќе во вашиот речник

Порано сте можеле да предвидите какви ќе бидат резултатите од одредени вашите дејствија, но сега ја немате таа привилегија. Сега, ви е чудно кога работите ќе излезат онака како што сте си замислиле. Не е веќе необично да потрошите цел ден на плаќање две сметки. Не очекувате да имате струја и вода секој ден. Секогаш имате резервен план за секој случај. Вашите сетила се изострени бидејќи мора да бидете подготвени за секоја непредвидлива ситуација. Всушност, тие непредвидливи ситуации се случуваат многу често сега откако сте се преселиле во странство, за разлика од порано.

Што ќе се смени во вашиот живот кога ќе почнете да живеете во странство?

Материјалните нешта не ви носат среќа

Не мора да се преселите во странство за да го сфатите ова, но овој „номадски“ живот постојано ќе ве тера да се прашувате на што треба да се фокусирате, а од што треба да се ослободите. Секогаш размислувате за можноста повторно да се преселите во друга земја. Тоа би значело дека многу од вашите материјални работи би требало да ги оставите и да ги понесете со себе само најпотребните што може да ви ги собере во куферот. Веќе немате колекции од бескорисни предмети и ги цените само највредните работи што вреди да ги „влечете“ со себе за време на преселбите. На крај, ќе дојдете до сознанието дека постојат многу малку нешта што ви требаат, а сѐ друго е заменливо.

Сѐ ви се чини возможно

Пред да се преселите во странство, не сте знаеле дека е возможно да спакувате сѐ што ви треба во само неколку куфери. Но, сте успеале да го направите тоа и сега не можете ни да се сетите на работите што сте ги оставиле. Готвењето ви се чинело како нешто здодевно поради сите потребни состојки. Сега можете да ги приготвите вашите омилени јадења за кратко време, а сте научиле да приготвувате и многу нови локални специјалитети. Сте излегле од вашата зона на удобност и сте успеале да преживеете. Сега уживате во животот во новата култура.

Поразлични сте

Им оставате впечаток на луѓето и тие оставаат впечаток на вас. Некои нешта не ви значат толку многу како претходно. Сега имате други приоритети. Сте научиле да бидете поскромни бидејќи честопати се наоѓате во ситуација да барате помош од непознати луѓе. Речиси секој ден се соочувате со нешто сосема непознато, па затоа ништо не земате здраво за готово. Знаевте дека ве очекува авантура во која ќе треба да научите нов јазик и култура, но дури сега сфативте колку всушност сте научиле за самите себе.

За крај прочитајте го следниот цитат за патувањата и животот надвор од родната земја, во кој ќе се пронајдат сите што живеат во странство…

„Ако сте доволно храбри да го оставите сето она што ви е познато и удобно, како на пример вашиот дом или горчливите, стари сеќавања и да започнете патување во потрага по вистината, без разлика дали се работи за надворешно или внатрешно и ако навистина сакате да го сметате сето она што ќе ви се случи на тоа патување како трага и ако ги прифатите сите што ќе ги сретнете по пат како учители и најмногу од сѐ ако сте подготвени да се соочите и да си ја простите суровата реалност за вас самите, тогаш ќе успеете да ја дознаете вистината.“ – Елизабет Гилберт


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар