5 интересни факти за мразот и снегот

Радост за децата, мака за возачите или неизбежен зимски пејзаж. Некои луѓе не можат да ги замислат зимата, новогодишните и божиќните празници без снег, додека пак други повеќе би сакале да преспијат до пролет. Како и да е, снегот е карактеристичен за зимската сезона. Иако можеби сте запознаени со повеќе работи околу него, сепак, можеби сѐ уште не сте слушнале за овие 5 факти кои ви ги прикажуваме во продолжение.

5 интересни факти за мразот и снегот

1. Има повеќе видови мраз

Мразот настанува при самиот контакт на воздухот со земјата поради ниските температури, па се создава површински слој тенок лед во форма на кристали или капки. Покрај мразот на прозорците кој на сите ви е познат, исто така постои и радијацијски мраз и авекцијски мраз.

2. Во 1988 година се забележани две идентични снегулки

Снегулките секогаш се појавуваат во различни форми и големини и никогаш не можете да забележите две исти. Меѓутоа, научничката Ненси Најт успеала да пронајде две целосно идентични кристали после снежна бура во Висконсин во 1988 година.

5 интересни факти за мразот и снегот

3. Снегулките не се бели

Снегулките не се бели! Се прашувате зошто е тоа така? Зошто секогаш кога ќе се спомене снегулка единствена боја која ви паѓа на ум е белата? Многу страни на овој мал кристал предизвикуваат дифузна рефлексија на целиот светлосен спектар, па ви се чини дека снегулките се во бела боја.

4. Првите фотографии

Благодарејќи на земјоделецот Вилсон Бентли, денес снегулките ги цртаме во облик во кој тие и навистина се појавуваат. Тој успеал да го продолжи „животниот век“ на снегулката, која, благодарение на неговата брзина, денес уште „живее“ и е вистинска инспирација за зимски декорирања.

5 интересни факти за мразот и снегот

5. Еден септилион снегулки

Дали некогаш сте размислувале за тоа колку снегулки е потребно за да направите снешко? Само во Америка на годишно ниво паѓаат еден септилион кристали од небото. Број со многу, многу нули, дури 24!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар