Шармантно село во Романија со уникатен дворец како од бајките

Ако ве однесе патот од Темишвар до Брашов или Букурешт, одморете се во живописниот град Кастелул‑де Лут Валеа Занелор и нема да жалите, ветуваме. Неговото име во превод значи замок од глина во долината на самовилите.

Шармантно село во Романија со уникатен дворец како од бајките

Станува збор за еко-село и мал замок лоциран во романска долина во познатиот регион Трансилванија, недалеку од реката Порумбац. Откако ќе го видите на фотографии, никогаш нема да го заборавите. Познато е по својот уникатен изглед со куќи од бајките, а околната природа, која се состои од зелена долина, планини во заднината и шумот на реката, само го засилуваат тој впечаток и хармонија. Изградено е од глина и песок, а неговиот облик потсетува на хобитски куќи или некои шумски суштества од бајка.

Иако изгледа како спомен од античко време, неговото минато не е толку долго. Ова село е основано од романско семејство кое ја нашло инспирацијата во сопственото дете, но и во прекрасната природа на овој регион. Сè започнало во 2015 година, и тие ја чуваат тајната за градење на замокот за себе – тие само посочуваат дека сè е рачно изработено (самовилите и џуџиња).

Шармантно село во Романија со уникатен дворец како од бајките
Замокот има приземје и прв кат, десет соби, две кули и дури педесет прозорци. Сè е од органско потекло и е во целосна хармонија со природата. Екстериерот е претворен во тераса каде се служи храна, а во близина има неколку продавници за сувенири (сите сувенири се еко производи) и викендички.

Ова место е наменето за одмор, па ако барате активности, веројатно нема да останете тука долго. Но, сцените сигурно ќе ви се допаднат. Затоа, ова стана популарна локација за прослави, деловни вечери и свадби.

Билетот се плаќа околу 60 денари.

Шармантно село во Романија со уникатен дворец како од бајките

Шармантно село во Романија со уникатен дворец како од бајките

Прочитајте и за овој прекрасен европски град каде кафето чини 40 денари, а пивото 50 денари.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар