Иден дедо ја користи својата мачка за да го научи својот син како се капе бебе

Иден дедо ја користи својата мачка за да го научи својот син како се капе бебе

Да се биде родител е доживотна обврска. Еден дел од вас секогаш ќе внимава на вашите деца, дури и откако тие ќе имаат свои деца. Бидејќи сте поминале низ она што тие ќе го доживеат, можете да пренесете корисни совети за да им помогнете да се снајдат низ многуте пресврти во животот. Еден убав пример за тоа е таткото на Вин Кванг Фам, кој неодамна демонстрирал како да се искапе новороденче со помош на својата мачка.

Иден дедо ја користи својата мачка за да го научи својот син како се капе бебе

Вин Кванг Фам живее во Виетнам и го очекува своето првородено дете, а неговиот татко, идниот дедо, одлучил да ги преземе работите во свои раце и за таа цел го искористил своето маче по име Лак Лак. На видеото, идниот дедо нежно го става Лак Лак во овален леѓен и покажува како правилно се капе бебе и го капе мачето како да е вистинско бебе.

@meolaclacTự nhiên Ông Nội lại lôi mình ra làm ví dụ cho đậu đậu…. meo meo

♬ nhạc nền – Lạc Lạc

Погледнете го и ова слатко видео од мачка која ужива во својот спа-ден.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар