Сакате да јадете со вашите раце? Еве што тоа кажува за вас

Сакате да јадете со вашите раце? Еве што тоа кажува за вас

Денес не е ретко да видите луѓе кои јадат со нивните раце. Обично јадеме користејќи прибор поради манирите, но и за да ги одржиме рацете чисти. Но сепак кога станува збор за храна како пица или помфрит, повеќето од нас одбираат да ги користат само рацете.

Сакате да јадете со вашите раце? Еве што тоа кажува за вас

Но доколку со раце јадете тестенини, зеленчук и други оброци кои обично се јадат со прибор, тоа може да каже многу за вас. Ако буквално ги лижете вашите прсти или не оставате да остане ни капка од преливот за салата, најверојатно имате други верувања и погледи за животот и светот. Па погледнете што кажува за вашиот карактер јадењето со раце.

1. Веројатно сте поголеми авантуристи од другите

Ако сте пораснале во опкружување каде што приборот бил задолжителен, отфрлањето на традицијата за да јадете со раце најверојатно значи дека сте поотворена личност. Истото важи и ако сакате да пробувате нови кујни. Да бидете авантуристи често се однесува и на изборот на храна.

2. Веројатно сте личност која ужива во животот

Ако не сакате приборот да застане помеѓу вас и храната, не сте единствените. Јадењето е процес со кој се активираат вашите сетила. Кога јадете со раце, активирате уште едно сетило – она за допир. Бидејќи голем дел од уживањето и вкусот на храната зависи од текстурата, вашите раце го истражуваат токму тоа. Исто така ако јадете со вашите раце и јадете бавно, тоа значи дека сакате да уживате во секој залак од вашата храна. Сакате навистина да ги запомните моментот и вкусот.

3. Најверојатно сте покреативни

Дали ретко се двоумите да ги извалкате прстите со храна? Ако се пронајдовте, голема е веројатноста да сте иновативна личност. Покрај тоа сигурно често ги кршите правилата бидејќи ова е одлика на креативните луѓе. Всушност, многу врвни готвачи ги охрабруваат нивните гости да ја пробуваат храната со раце бидејќи со тоа се зголемува врската со неа и се намалува формалноста на оброкот.

4. Сакате да бидете здрави

Дури и да не сте размислувале за ова, голема е веројатноста да одбирате да јадете со вашите раце само затоа што е поздраво. Според едно истражување, луѓето со дијабетес тип 2 кои користеле прибор јаделе побрзо од другите. Се покажало дека јадењето со прибор е поврзано со брзото јадење, кое пак е поврзано со нерамнотежата на шеќерот во крвта и развојот на оваа болест. Се разбира, секогаш можете да користите прибор и да научите да јадете побавно. Но ако повеќе уживате со вашите раце, слободно продолжете со тоа бидејќи му правите добро на здравјето.

5. Не се ставате секогаш на прво место

Јадењето со раце можеби не е секогаш свесен избор, туку понекогаш едноставно потекнува од потреба. Ако сте навистина зафатени и неколку луѓе зависат од вас, веројатно ќе забележите дека јадете со вашите раце. Ако јадете стоејќи, без прибор и секогаш правите неколку работи одеднаш, тоа значи дека не одвојувате време за вашите потреби. Ако се препознавте, можеби е време да забавите и да се погрижите за себе.

6. Настојувате да кажете што мислите

Јадењето со раце исто така може да биде знак дека не се фокусирате на туѓото мислење. Наместо тоа правите што сакате и не ви е страв да го кажете вашиот став. Ова веројатно потекнува од „кршењето“ на правилото за јадење со прибор.

Се разбира, не може точно да се каже што навистина значи јадењето со раце, најмногу бидејќи постојат безброј причини за тоа. Доколку внимателно ги следите вашите навики и емоции за време на јадењето, можеби полесно ќе си ја објасните оваа навика и ќе дознаете што таа кажува за вас.

Дознајте и што претставува интуитивното јадење и зошто е подобро од која било диета.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар