Работи од коишто нема потреба да се плашите за време на авионски лет и работи што се навистина опасни

Работи од коишто нема потреба да се плашите за време на авионски лет и работи што се навистина опасни

Многу луѓе се плашат од летање и секое патување со авион им е вистински предизвик. Дури и ако не сте ваква личност и знаете дека летањето е побезбедно од возењето, сепак постојат некои работи што може да ви предизвикаат сомнеж. Па погледнете кои нешта се сосема нормални за време на летовите, а кои можат да бидат навистина опасни.

Турбуленција

Работи од коишто нема потреба да се плашите за време на авионски лет и работи што се навистина опасни

Најверојатно секој патник има почувствувано турбуленција. Во овој случај авионот почнува да се тресе, некогаш помалку, некогаш повеќе. Во ред е да се чувствувате исплашено, но не заборавајте дека турбуленцијата е нормална и нема потреба од паника. Турбуленцијата е предизвикана од разликата на температурата на воздухот, особено над вода или планини. Нема причина да се плашите од оваа појава бидејќи авионите се дизајнирани за вакви услови. Се разбира, пилотите се обидуваат да ги избегнат облаците и секогаш ги предупредуваат патниците за турбуленција. Но понекогаш таа може да започне неочекувано.

Светилки на крилата

Работи од коишто нема потреба да се плашите за време на авионски лет и работи што се навистина опасни

Има патници кои се плашат од овие светилки. Но нивната цел, заедно со светлата за навигација, е спречување на судири, особено во близина на аеродроми. Оваа светилка често се рефлектира од облаците па може да изгледа како молња. Сепак нема ништо опасно во ова. Покрај тоа, авионите понекогаш навистина се удрени од молњи, но се дизајнирани да го издржат и тоа.

Искривување на крилата

Работи од коишто нема потреба да се плашите за време на авионски лет и работи што се навистина опасни

Друго нешто што може да ги исплаши неискусните патници е искривувањето на крилата. И овде нема никаква опасност бидејќи крилата се флексибилни. Покрај тоа авионите се проверуваат пред секој лет, па нема потреба од грижа.

Летање „во место“

Работи од коишто нема потреба да се плашите за време на авионски лет и работи што се навистина опасни

Кружењето над аеродромот пред слетување не значи дека авионот има технички проблеми. Најверојатно аеродромот е премногу зафатен, има некаква пречка на пистата, има силен ветер или безбедното следување не е возможно од некои други причини. Во секој случај, одложувањето е подобро од опасност па немојте да се грижите, ова е сосема нормална ситуација.

Вибрации и звуци за време на полетување и слетување

Работи од коишто нема потреба да се плашите за време на авионски лет и работи што се навистина опасни

„Најсомнителните“ звуци што ги прави авионот најчесто не се знак за проблем. Можат да бидат предизвикани од тркалата пред слетување. Направата што го регулира притисокот исто така прави врева. Крцкањето за време на полетување и пред слетување е собирање или спуштање на опремата за слетување. Покрај тоа, наглото слетување за време на дожд е нормално бидејќи на тој начин полесно се контролира авионот.

Што е навистина опасно?

Работи од коишто нема потреба да се плашите за време на авионски лет и работи што се навистина опасни

Опасно нешто што може да се случи за време на летото е мраз во атмосферата со студени капки вода. За време на ова замрзнување авионот станува потежок и понекогаш не е можно да се контролира. За среќа, има решение и за ова. Кога е студено авионите се премачкуваат со посебна течност пред летот. Ако настане замрзнување во текот на летот, екипажот се справува со тоа многу брзо.

Работи од коишто нема потреба да се плашите за време на авионски лет и работи што се навистина опасни

Друга сериозна појава се бури со грмотевици, поројни дождови, торнада, песочни бури, облаци од вулкани и премногу ниски или високи температури. Во овие случаи летовите се откажани. Но, ако се појави бура за време на летот, екипажот има план за делување, а авионот има радар за облаци. Во зависност од опасноста, екипажот одлучува дали да ја следи оригиналната рута или да побара нова, побезбедна.

Работи од коишто нема потреба да се плашите за време на авионски лет и работи што се навистина опасни

Постои феномен наречен турбуленција на чисто време. Оваа турбуленција се појавува кога времето е мирно, па нема начин да се предвиди дури и со радар. Во овој случај немојте да мислите дека авионот ќе се сруши. Дури и во минатото овие несреќни бил многу ретки. Единствената опасност кај овие турбуленции е тоа што патниците кои не се на нивните места можат да се повредат. Затоа е најдобро да не го напуштате вашето место во текот на целиот лет, освен ако навистина морате да станете.

Погледнете и како да го надминете стравот од летање со авион.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар