Одберете број од 1 до 29 и прочитајте ја совршената порака за вас

Одберете број од 1 до 29 и прочитајте ја совршената порака за вас

Ова се пораки кои ќе ви помогнат да ја зацврстите вашата самодоверба. Размислете кој број од 1 до 29 ве привлекува најмногу и прочитајте ја пораката што ви е потребна.

Одберете број од 1 до 29 и прочитајте ја совршената порака за вас

1. Знајте дека сте убави. Не заборавајте дека вашето тело е направено на тој начин што ќе ви помогне да ги исполните вашите желби.

2. Целата сила што ви е потребна за да го водите вашиот живот во посакуваната насока се наоѓа во вас. Нема потреба да стекнете или да научите нешто. Сè е веќе во вас.

3. Вие сте неверојатно човечко битие и ја заслужувате целата среќа на светот.

4. Не постои нешто што не можете да постигнете кога ќе се посветите. Верувајте им на вашите инстинкти и почнете да се движите во насоката што прави да се чувствувате најубаво.

5. Сакајте се доволно за да ги одбиете работите што не ви служат. Никому не должите објаснување.

6. Животот е секогаш полн со успеси и неуспеси. Понекогаш победувате, понекогаш губите. Сето тоа е дел од играта.

7. Немојте да се казнувате. Го правите најдоброто што можете со она што го знаете. Истото им се случува и на сите околу вас.

8. Вие сте достојни за убав, храбар и живот полн со изобилство. Само потребно е да ги пронајдете овие работи во вас.

9. Фокусирајте се на она што е убаво, а не на вашите недостатоци. Фокусирајте се на она што функционира во вашиот живот, а не на она што не функционира.

10. Вие сте неверојатно моќни. Кога би можеле да видите и најмал дел од вашата сила, никогаш нема да прифатите помалку од она што го заслужувате.

11. Вредите онолку колку што верувате дека вредите. Ги учите другите како да се однесуваат со вас со она што го правите и она што го кажувате.

12. Можете да им бидете потпора на другите само ако легнете.

13. Никој не може да ви ја земе моќта. Ова е илузија која сами сте ја создале. Можете да ја имате својата моќ во моментот кога ќе сфатите дека е ваша.

14. Не ве дефинира туѓото мислење за вас. Вие сте дефинирани според она што го мислите за себе.

15. Како може да очекувате да бидете прифатени од другите, ако самите не се прифаќате?

16. Самоодобрувањето не се наоѓа во достигнувањата, успехот, парите или убавиот автомобил. Самоодобрувањето е внатре во вас.

17. Кога се сакате и знаете дека вредите, универзумот ви одговара и ви нуди уште повеќе од тоа.

18. Самопочитта бара да кажувате „Да“ или „Не“ тогаш кога вие сакате. Воглавно, самопочитта значи да живеете автентичен живот.

19. Вашата вредност нема врска со она што го гледате во огледало или она што се наоѓа на вашата сметка. Вашата вредност е поврзана со она што го чувствувате за себе и својот живот пред да заспиете.

20. Животот секогаш го поддржува она што го чувствувате. Колку повеќе се почитувате, толку повеќе вредности ќе воочувате во вашите искуства.

21. Никој не размислува за вас колку што мислите. Луѓето не гледаат во вас, ниту пак ви се смеат. Повеќето луѓе размислуваат само за себе.

22. Вашата самопочит може да се мери по тоа колку навистина се сакате себеси. Кога се сакате себеси, автоматски станувате повредни.

23. Понекогаш можеби се чувствувате вредно, понекогаш не. Тоа е во ред, сè додека се сакате себеси.

24. Заслужувате работа, односи и живот кои ви носат среќа, радост и исполнетост.

25. Пронајдете прошка во вашето срце. Не треба да носите никаква болка од минатото. Повредни сте од тоа.

26. Не сте дојдени овде за да се сомневате во себе. Можеби ќе немате сè и нема да бидете добри во сè, но имате дар. Тој дар е вашата цел и вашиот повик, а ваша задача е да ги најдете.

27. Кога ќе направите чекор кон самопочитувањето, целиот универзум ве поддржува. Само направете го чекорот и ќе сфатите колку сте поддржани.

28. Заслужувате изобилство, среќа и фантастичен живот. Единствената личност во којашто треба да верувате сте вие самите.

29. Вие сте вистинско чудо. Повторувајте си го тоа секојдневно. Вие сте чудо. Не е важно што другите мислат за вас. Универзумот е на ваша страна и судено ви е да бидете овде.

Прочитајте ги и овие моќни цитати кои ќе ви помогнат да ја вратите вербата во себе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар