11 „срамотни“ ситници за сексот за кои жените се грижат, а мажите не ги ни забележуваат

Жените неретко се оптоваруваат со тоа каков впечаток ќе му остават на новиот партнер со првиот секс. Но, ова е сосема непотребно. Всушност, во текот на сексот мажите воопшто не ги забележуваат овие нешта. Па дами, нема потреба да се грижите за овие „непријатни“ ситуации.

11 ситници за сексот за кои мажите нeмаат поим

1. Дали ви е прв или деветти состанок

За разлика од жените, на мажите воопшто не им е грижа на колку состаноци треба да отидете пред првиот секс.

2. Дали носите „бабински“ гаќи

Во моментот на возбуда, мажите сигурно нема да ја забележат вашата долна облека. И онака наскоро ќе бидете без неа.

3. Дали имате презервативи

Се грижите што би помислил партнерот доколку имате кутија кондоми во чантата? Единственото нешто што може да го помисли е дека сте личност која сака безбеден секс.

4. Дали тоа ќе му биде најдобриот секс во животот

Никој не сака лош секс. Но, кога прв пат спиете со некој нормално е тоа да не биде најдобриот секс во вашиот живот.

5. Дали не сакајќи ќе го удрите

Ако случајно го удрите партнерот додека се соблекувате, нема потреба долго да му се извинувате. Насмевнете се, извинете се кратко и продолжете со акција.

6. Дали сте депилирани

Бидете сигурни дека партнерот нема да забележи ако имате некое влакно повеќе.

7. Каква е атмосферата во собата

Партнерот воопшто нема да забележи дали сте запалиле романтични свеќи и дали има секси музика. Тој е целосно фокусиран на вас.

8. Дали носите пуш-ап градник

Нема потреба да се грижите дека партнерот ќе се чувствува измамено кога ќе ви го соблече градникот.

9. Колку пози ќе промените

Нема потреба да се покажувате и да ја пробувате секоја поза на којашто ќе се сетите. Ако помеѓу вас се случува нешто вистинско, ќе имате време за експериментирање.

10. Дали сексот ќе трае цела ноќ

Сексот треба да трае доволно долго за и двајцата да доживеете оргазам.

11. Дали ви е потребен лубрикант

Воопшто не треба да ви биде непријатно ако ви е потребен лубрикант за удобен сексуален однос. Тоа нема да ја намали страста помеѓу вас.

Знаете ли кои се „занемарените“ делови од женското тело на кои мажите не можат да одолеат?

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

  1. Igor Reply

    Pa imate pogresni predrasudi za mazite.Najverojatno ke primetat se od nabroenoto vo prasanje e celta. Ako nastapuvaat samo za da legnat so nekogo.Dali ke napravite romanticna atmosfera, sekako ke ja primetat i ke si pomislat deka devojakata e zainteresirana da ostavi dobar vpecatok i ke go pocituvaat toa.Najverojatno nema da go komentiraat.Mazite retko komentiraat toa sto ke go primetat duri i pomegu svoite prijateli.Tesko deka ke cuete navistina te sakam, iako sekoja zena bi sakala toa da go cue.Vo sekoj slucaj interesantna tema. Mi se dopaga sto avtorot s student.Mazite i zenite se definitivno razlicni no ne se neprijateli, sekako.

    Pozdrav Igor

Остави коментар