Редок вид пчели прават прекрасни гнезда од цветови

Редок вид пчели прават прекрасни гнезда од цветови

Со вестите за глобалното намалување на популацијата на пчелите, многу луѓе се обидуваат да направат нешто и да го спречат нивното изумирање. Но, не се само луѓето оние кои се обидуваат да ги заштитат. Еден вид пчели има свој посебен начин на заштита.

Редок вид пчели прават прекрасни гнезда од цветови

Овие пчели се познати како Оsmia avosetta и се самотници кои не се потпираат на поддршката од другите пчели. Наместо тоа, женските инсекти создаваат неверојатни шарени гнезда од цветови.

Редок вид пчели прават прекрасни гнезда од цветови

Гнездата се откриени во Турција и Иран, а доктор Џером Розен, куратор од Американскиот природонаучен музеј, почнал да го истражува овој феномен.

Редок вид пчели прават прекрасни гнезда од цветови

„Гнездата се необични затоа што се изработени со два слоја шарени цветови помеѓу кои има тенок слој кал. Пчелите ретко користат делови од растенија за нивните гнезда. Денес постои потреба биолозите подобро да ги познаваат пчелите. Тие се најголемите оплодувачи на растенијата и се важни во одржувањето на екосистемите.“

Редок вид пчели прават прекрасни гнезда од цветови

Мајката пчела прво ги наоѓа совршените цветови. Потоа копа дупка од 1,5 сантиметри и нанесува неколку цветови и кал. Откако ќе го исполни гнездото со полен и нектар, ги положува своите јајца. На крај го затвора гнездото превиткувајќи цветовите и исполнувајќи го преостанатиот простор со кал.

Редок вид пчели прават прекрасни гнезда од цветови

Додека надворешниот дел се суши и станува како тврд оклоп, внатрешноста на гнездото останува влажна. Ова е совршена средина за созревање на ларвите во текот на зимата. Овој процес е доказ дека без разлика на видовите, мајчината љубов навистина е безусловна.

Дека природата е навистина неверојатна ќе ви докажат и овие фотографии од собири на животни во дивината.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар