Приказна за „одложено кафе“ која ќе ви го стопли срцето и ќе ве инспирира

Приказна за „одложено кафе“ која ќе ви го стопли срцето и ќе ве инспирира

Концептот за „одложено кафе“ не е нов, но дефинитивно е еден од поважните. Правењето мали и добри дела за другите едноставно не поминува ненаградено. Целиот овој концепт ја нагласува идејата „сè се враќа, сè се плаќа“ во најпозитивна можна смисла. Секако тука е и прекрасното чувство да знаете дека сте направиле мала разлика во нечиј туѓ живот.

(1) Приказна за „одложено кафе“ која ќе ви го стопли срцето и ќе ве инспирира

Оваа приказна се движи низ интернетот со години. И покрај тоа што нејзиниот точен извор е непознат, таа сепак е вистинита. Според досегашните записи се верува дека таа доаѓа некаде од Италија, но пораката која ја носи инспирирала безброј луѓе ширум светот. Станува збор за жена која во кафуле ги набљудувала луѓето кои плаќале за уште кафе без притоа да го земат. Кога таа ја открила причината, нејзиниот поглед кон светот засекогаш се сменил. Еве ја нејзината приказната…

Влегов во мало кафуле со една моја пријателка и си порачавме кафе. Додека се приближувавме до нашата маса, две личности влегоа во кафулето и се приближија до шанкот. Еден од нив рече: 5 кафиња, ве молам. 2 од нив се за нас, 3 се одложени. Тие платија за нивната нарачка, ги зедоа 2-те кафиња и потоа си заминаа.

(2) Приказна за „одложено кафе“ која ќе ви го стопли срцето и ќе ве инспирира

Во тој момент ја прашав мојата пријателка какви се тие одложени кафиња.

Почекај и ќе видиш, ми рече таа.

Уште неколку луѓе влегоа во кафулето. 2 девојчиња побараа 2 кафиња, по 1 за секоја од нив, платија и си излегоа. Следната нарачка беше за 7 кафиња направена од страна на 3 адвокати – 3 за нив и 4 одложени. Додека сè уште се чудев за што точно станува збор, истовремено и уживав во топлото време и прекрасниот поглед кон дворот на кафулето.

Одеднаш еден маж облечен во нечиста облека, кој изгледаше како просач, влезе низ вратата и љубезно праша: Имате одложено кафе?“ Тогаш сфатив, луѓето однапред плаќаа кафе за оние кои не можеа да си го дозволат овој топол пијалак.

(3) Приказна за „одложено кафе“ која ќе ви го стопли срцето и ќе ве инспирира

Традицијата со одложено кафе започнала во Италија, но од таму се проширила ширум целиот свет. Во некои држави вие не само што можете да порачате одложено кафе, туку можете да купите и солидарен оброк. Да не забораваме дека дури и најмалите гестови можат да остават долготраен впечаток на друго човечко суштество. Дали оваа приказна ве инспирираше и вие да купите одложено кафе? Пишете ни во коментарите…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. Анонимен Reply

    Odlozeno!?!?!?

Напиши одговор на Анонимен Откажи одговор