Поучна приказна: Беспомошна љубов

Еднаш одамна, сите чувства и емоции отишле на еден тропски остров за да се одморат. Според нивната природа, сите си поминувале одлично. Одеднаш, тие добиле предупредување за бура која доаѓа и им препорачале да го напуштат островот. Оваа вест создала ненадејна паника и сите набрзина тргнале кон своите бродови. Дури и оние кои биле расипани, веднаш се поправиле и подготвиле за должност.

Поучна приказна: Беспомошна љубов

За разлика од другите, Љубовта не сакала да избега толку брзо. Според неа имало уште многу нешта кои можеле да се направат. Но, како што облаците станувале потемни, така Љубовта сфатила дека е време да си оди. За жал, веќе немало слободни бродови и таа погледнала околу себе без надеж. Во истиот момент Просперитетот поминал крај неа во луксузен брод.

Љубовта извикала:Просперитет, дали би сакал да ме земеш на твојот брод?“

Не, одговорил Просперитетот. Мојот брод е исполнет со драгоцености, со многу злато и сребро. Нема место за тебе.

Набрзо и Суетата поминала крај Љубовта со својот прекрасен брод.

Суета, можеш ли да ми помогнеш?“ – извикала Љубовта. Заробена сум тука и имам потреба од превоз. Те молам земи ме со тебе.“

„Суетата одговорила низ насмевка: Не, не можам да те земам со мене. Мојот брод ќе се уништи од твоите калливи стапала.

По некое време поминала Тагата. Повторно, Љубовта побарала помош. Но, не ја добила.

Не, не можам да те земам со мене. Јас сум многу тажна. Сакам да бидам сама, одговорила Тагата.

Следна била Среќата, само неколку минути по тагата. Љубовта, со надеж, повторно извикала за помош. Но, Среќата била толку среќна што воопшто не ни погледнала околу себе, а уште помалку па се грижела за некој друг.

Како што сè повеќе ја одбивале, така Љубовта станувала понервозна. Но, неколку моменти пред таа да се откаже, чула нечиј глас како вели:

Дојди Љубов, јас ќе те земам со мене.

Љубовта не знаела за кој станува збор, но сепак се качила на бродот со олеснување дека ќе стигне до безбедно место. Тогаш, таа го запознала Знаењето. Збунета, Љубовта прашала:

Знаење, дали знаеш кој беше толку дарежлив да ми помогне кога никој друг не сакаше?“

Знаењето се насмеало: Ах, тоа беше Времето.“

А зошто Времето би застанало за да ме земе и одведе на безбедно?“ – се запрашала Љубовта.

Знаењето се насмеало со уште поголема насмевка и со длабока мудрост ѝ одговорило: Бидејќи само Времето ја знае твојата големина и нештата за кои си способна. Само Љубовта може да донесе мир и голема среќа во овој свет.

Поука: Важната порака на оваа приказна е дека кога сме просперитетни, ние ја запоставуваме љубовта. Кога се чувствуваме важно, ние ја забораваме љубовта. Дури ни во среќата и тагата не ја забележуваме љубовта. Само со текот на времето успеваме да ја сфатиме нејзината важност. Но, зошто да чекате толку долго? Зошто да не ја направите љубовта дел од вашето секојдневие?

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар