Поголеми се шансите тој да биде неверен доколку имате повеќе…

Пари! Да, добро прочитавте. Во старите времиња од мажите се очекувало да го издржуваат своето семејство, додека жените се грижат за домот. Но, во денешно време нештата се многу сменети и сега сè повеќе се приближуваат улогите на мажот и жената во домот, како и надвор од него. Жените знаат дека можат да бидат исто толку образовани и успешни како и мажите, а понекогаш можеби дури и повеќе. Па, како оваа промена влијае врз врската?

Поголеми се шансите тој да биде неверен доколку имате повеќе...

Истражувачите со една нова студија собирале податоци помеѓу 2001 и 2011 година, а потоа анализирале хетеросексуални парови на возраст од 18 до 32 години и количината пари кои тие ја заработувале. Тоа што се открило било шокантно! Доколку мажите заработуваат повеќе пари од нивните сопруги, помали се шансите тие да бидат неверни. Но, во истиот момент кога жената ќе добие покачување кое ќе ја надмине платата на нејзиниот партнер, шансите дека тој ќе ја изневери се зголемуваат за 15%.

Жените, од друга страна, можат да заработуваат многу пари и сепак да останат верни на своите партнери. Тоа нè води кон заклучок дека мажите сè уште не се чувствуваат пријатно покрај финансиски независна жена и преферираат нејзината работа да вклучува само завршување на домашните обврски.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар