Паничните напади и анксиозноста се поврзани со недостатокот од еден витамин

Анксиозноста, за жал, стана нормален дел од животот на секој просечен човек. Ова обично e нормален одговор кој нè држи свесни за нашите постапки во стресни ситуации. Повеќето луѓе можат да вдишат длабоко и да се ослободат од анксиозноста, но на другите им е потребно повеќе време.

Паничните напади и анксиозноста се поврзани со недостатокот од еден витамин

Генерализираното анксиозно нарушување и паничните напади се состојби кои се појавуваат кај многу возрасни луѓе ширум светот. Луѓето кои страдаат од овие нарушувања чувствуваат анксиозност и во најобичните ситуации. Невозможно е да се контролираат овие чувства и често можат да ескалираат. Личноста може да почнува да чувствува голем страв доколку има панично нарушување. Ова ниво на анксиозност ја спречува личноста да функционира нормално и во најобичните опкружувања. Во најлошите случаи, нарушувањето може да се претвори во паничен напад или гушење.

Паничниот напад е период на интензивен страв кој предизвикува неверојатен физички и ментален стрес. Нападите најчесто ги сочинуваат брзо чукање на срцето, тресење и отежнато дишење. Понекогаш нападите можат да бидат толку сериозни, што бараат итна помош.

Според Националниот институт за ментално здравје, загриженоста за паничните напади и обидите да се избегнат можат да предизвикаат разни проблеми во секоја област од животот на личноста. За оние кои страдаат од овие напади, може да биде тешко да го видат излезот.

Позната причина за паничните напади е ниското ниво на серотонин во организмот. Овој невротрансмитер го регулира чувството на среќа, па неговиот недостаток лесно преминува во анксиозност и депресија. Серотонинот се синтетизира од аминокиселината триптофан, процес за кој се знае дека воглавно зависи од витаминот Б6 и железото.

Истражувачите од Универзитетот Окајама решиле подобро да ја истражат врската помеѓу овие клучни елементи и појавата на паничните напади. Во нивното истражување, тие го набљудувале нивото на витаминот Б6 и железото кај пациенти кои повикале брза помош поради тешки панични напади. Ги споредиле резултатите со оние од контролна група здрави луѓе, и откриле дека нивото на елементите било многу пониско кај луѓето од првата група.

Иако и самите научници истакнале дека се потребни дополнителни истражувања, досега не биле направени истражувања кои го анализираат односот на паничните напади и нивото на Б6 и железо во организмот. Ова е голем чекор во разбирањето и потенцијалното справување со паничните напади.

Погледнете и која е разликата помеѓу анксиозноста и паничниот напад.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар