Овој модерен Дедо Мраз сигурно ќе го стопи снегот за празниците

Овој модерен Дедо Мраз сигурно ќе го стопи снегот за празниците

Запознајте го Пол Мејсон, модерниот Дедо Мраз. Мејсон, кој работи како модел веќе 30 години, изгледа како послаба и помлада верзија од класичниот Дедо Мраз кој сите го знаеме. Пол моментално може да го најдете во трговскиот центар Јоркдејл во Торонто, Канада, каде се фотографира со бројните посетители. За секое селфи со згодниот Дедо Мраз, кое ќе се објави на социјалните мрежи со наслов #YorkdaleFashionSanta, трговскиот центар ќе донира по 1 долар на фондацијата за помош на болните деца SickKids.

„Тоа е една модернизирана верзија на типичните фотографии со Дедо Мраз. Правам толку многу фотографии поради мојот профил и брадата, па ми изгледаше како логичен чекор“ – вели Мејсон.

Што мислат децата за него? Според канадската ѕвезда, тој се обидува да стои подалеку од децата во трговскиот центар за да не го помешаат со традиционалниот Дедо Мраз.

„Возрасните се во мојот фокус“ – вели тој.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

  1. muka Reply

    sakam petki vo skolo site petki

Напиши одговор на muka Откажи одговор