Овој мачор кој станал татко ќе ви го освои срцето со неговата грижа за штотуку породената мачка
Грижливи, внимателни и посветени. Таквите татковци служат како одличен пример за сите мажи, па дури и ако се работи за мачки. Таков е случајот и со таткото мачор Јело кој покажал неверојатна грижа за мајката мачка Там за време и по нејзината бременост.

Јело изгледа толку задоволен со неговата нова татковска улога што сите можат да ѝ позавидат на неговата љубов и посветеност. Тој навистина ужива додека си лежи и се гушка со мајката и малите мачиња.

Сопственичката изјавила дека има 4 здрави новороденчиња и дека овие мачиња им се први и на двајцата родители. Таа додала и дека Јело не е толку фин со сите, туку дека ја сака само неа, нејзиното куче и секако неговото прекрасно семејство. Погледнете ја приказната на оваа неодолива фамилија мачки претставена преку фотографии…
На почетокот новиот татко Јело изгледал нервозно

Но, потоа станал грижлив и внимателен

Новата мајка, Там, поминала низ големи потешкотии, бидејќи донела 4 здрави бебиња на овој свет
И таткото бил тука за неа

Тој им давал грижа и љубов на неговите бебиња

Новата мајка може да смета на неговата помош секогаш кога ќе ѝ затреба

Не постои сомнеж дека ова е најслатката фамилија мачки што некогаш постоела!

Во продолжение прочитајте ги и причините зошто да чувате мачка.






























