Децата чии родители ги тераат да помагаат по дома се поуспешни

Децата обично се нервираат ако им кажете да ги измијат садовите и тоа не е воопшто чудно, бидејќи сите знаеме дека домашните обврски не се забавни. Кој би сакал да потроши 20 минути на триење закоравен сос од патлиџани на чиниите, кога наместо тоа би можел да го гледа анимираниот филм „Замрзнато“ по милионити пат?! Ако обично им попуштате на децата за да ги одбегнете крокодилските солзи и на крајот вие ги миете садовите, постои добра причина зошто не треба да отстапите од вашето барање.

(1) Децата чии родители ги тераат да помагаат по дома се поуспешни

Имено, најновите истражувања покажале дека децата кои помагаат по дома стануваат поуспешни кога ќе пораснат.

„Со тоа што ги терате да помагаат по дома, да го изнесат ѓубрето, сами да си ја исперат облеката и слично, децата сфаќаат дека ќе мора да работат за да функционираат во животот. Ако децата не ги мијат садовите, тоа значи дека некој друг го прави тоа за нив. На тој начин тие не само што не работат, туку и не учат дека работата мора да се заврши и дека секој од нас треба да даде придонес за општото добро“, изјавила Џули Литкот-Хеимс од Универзитетот Стенфорд.

Таа исто така верува дека децата кои помагаат по дома ќе бидат подобри работници и ќе ги поседуваат потребните вештини за да соработуваат со колегите, ќе бидат посочувствителни и ќе знаат како самостојно да ги завршуваат работните задачи. Освен тоа, нема да морате да ги извршувате сите домашни обврски сами, така што ова откритие дефинитивно има двојни придобивки!

Во продолжение погледнете го ТЕД говорот на Литкот за да добиете повеќе информации на оваа тема…

Прочитајте ги и 6-те тајни на мајките кои израснуваат учтиви деца.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар