Ова момче е толку талентирано за шминкање што нема да ви се верува дека е тој на овие фотографии

Запознајте го Ричард Шаефер, 21-годишен мејкап артист кој се трансформира себеси во принцезите од неговите омилени Дизни филмови. И како што веднаш можете да забележите од овие фотографии, тој има исклучителни способности! За секоја трансформација му се потребни околу 2 часа, но покрај шминката, тој исто така самиот ги шие и костимите – способност која ја научил во обид да се оттргне од мислите за постојаното физичко и психичко насилство кое го трпел во училиште.

Ричард постојано добивал коментари дека не изгледа ниту како машко, ниту како женско, па токму затоа и решил да ги претвори овие коментари во нешто позитивно, создавајќи си ја оваа интересна репутација на Инстаграм. На фотографијата подолу можете да видите како тој изгледа без шминка, додека на сите останати е трансформиран во некоја од најпознатите анимирани прнцези, започнувајќи од Ариел, па сè Покахонтас.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар