Ова куче има највпечатливи фризури на Инстаграм

Ова куче има највпечатливи фризури на Инстаграм

Бонтенмару кој моментално живее во Токио, Јапонија, со своите сопственици, стана многу популарен на Инстаграм. Тој има шест години и е еден вид модел и дигитален инфлуенсер со повеќе од 24 илјади следбеници. Бонтенмару добива илјадници лајкови на неговите фотографии, а тајната на неговиот успех е во необичната фризура што луѓето ја споредуваат со различни познати личности. Многумина велат дека фризурата на Бонтенмару е многу слична на фризурата на Лејди Гага на почетокот на нејзината кариера. Но, повеќето се согласуваат дека тој е најмногу како пејачката Сија.

Фризурата не е единствената работа што е извонредна кај ова куче. Ако посветите поголемо внимание, ќе го забележите начинот на облекување на кучето. На него и на неговите сопственици, дефинитивно не им недостасува стил. Бонтенмару пристигнал во нивниот дом откако случајно го пречекале додека влегувале во продавница. Нивната рутина не се разликува многу од рутината на кое било друго куче. Секое утро одат на прошетка, тој си игра со други кучиња, а попладне одмара. Единственото нешто што може да се издвои малку од вообичаеното е тоа што Бонтенмару оди на фризура еднаш месечно, а кога неговите сопственици немаат време да го однесат, тогаш тие самите ќе му ја истрижат косата дома. Подолу можете да видите колку е кул резултатот.

Погледнете ги и овие фотографии кои ја прикажуваат неверојатната љубов помеѓу еден златен ретривер и мало девојче.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар