Модна инспирација: Блогерка од Данска ќе ве освои со беспрекорниот стил и совршениот шарм

Таа изобилува со фотографии кои пренесуваат толку весела и позитивна нота што ќе посакате да ги поставите во дневната соба за инспирација. Всушност, Изабела Тордсен е модна блогерка која фотографира интересни моменти од своето секојдневие. Тоа што се разликува од останатите Инстаграм блогери е вибрантното опкружување и живописните филтри кои фотографијата ја претвораат во неодолива фото-приказна. Изабела е родена во Данска, но веќе неколку години живее во Лондон, каде што работи како стилист за онлајн шопинг платформата ASOS.

0-taa-e-potrebnata-inspiracija-koja-vi-e-potrebna-blogerka-od-danska-koja-kje-ve-osvoi-so-nejziniot-sharm-www.kafepauza.mk_

Со оглед на нејзината работа, многу брзо ги запознала волшепствата на фотографијата. Па, освен како блогерка, во модните кругови е позната и како фриленс фотографка. Ја обожава модата, но исто така ги сака и кафето, винтиџ автомобилите, храната, книгите, Источниот Лондон и откривањето нови симпатични локали скриени помеѓу лондонските улици.

6-taa-e-potrebnata-inspiracija-koja-vi-e-potrebna-blogerka-od-danska-koja-kje-ve-osvoi-so-nejziniot-sharm-www.kafepauza.mk_

Кога е во прашање нејзиниот стил, Изабела ја преферира практичноста. Но, понекогаш освен во комбинезони и широки парчиња облека, можете да ја видите и во комбинации кои вклучуваат пресирани здолништа, искинати фармерки и класични блузи. Како и повеќето Скандинавки, така и Изабела ја сака едноставноста и базичните модни комбинации ги зачинува со тренди модни додатоци.

13-taa-e-potrebnata-inspiracija-koja-vi-e-potrebna-blogerka-od-danska-koja-kje-ve-osvoi-so-nejziniot-sharm-www.kafepauza.mk_

Сигурно е интересен кандидат за дружење на социјалните мрежи, а мал увид во нејзиниот блогрски дневник ви откриваме во продолжение.

1-taa-e-potrebnata-inspiracija-koja-vi-e-potrebna-blogerka-od-danska-koja-kje-ve-osvoi-so-nejziniot-sharm-www.kafepauza.mk_

Продолжете на следната страница за подобро да се запознаете со стилот на оваа убавица.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар