Одберете едно сонце и ќе добиете мудра порака за вашата блиска иднина

Одберете едно сонце и ќе добиете мудра порака за вашата блиска иднина

Времето е студено и сончевите моменти траат многу кратко. Па, доколку ви недостасува сонцето, овој тест можеби ќе успее да ве „стопли“ малку со тоа што ќе ви даде мудра порака за вашата блиска иднина. Одвојте неколку секунди, погледнете ја сликата, затворете ги очите и одберете го сонцето што најмногу ве привлекува…

Одберете едно сонце и ќе добиете мудра порака за вашата блиска иднина

Прво сонце

Понекогаш вашиот голем сон мирно спие во вашата свест за да можете да обрнете внимание на едноставните задачи во животот. Размислете зошто стеблата се кастрат пред да се случи цветењето на прекрасните цветови. Се отфрлаат мртвите лисја, земјата се полева, а потоа работите ѝ се препуштаат на природата. Тоа е многу важен чекор при постигнувањето успех.

Одберете едно сонце и ќе добиете мудра порака за вашата блиска иднина

Кога ќе го тргнете вниманието од вашата цел и ќе се одвоите од неа, ќе станете достапни за доаѓањето на успехот. Кога се занимавате со секојдневни задачи на медитативен начин, вие ја чистите вашата енергија за да можете да доживеете „еурека“ моменти кои ќе ве приближат до она што го барате.

Второ сонце

Судено ви е да еволуирате и да се трансформирате преку дружењето со други луѓе. Некои луѓе се појавуваат во вашиот живот за да ве одведат на следното ниво на свест и автентичност. Станува збор за заемно искуство иако резултатите варираат во зависност од поединецот. Ги познавате тие луѓе и силно ве привлекуваа иако понекогаш на самиот почеток чувствувате дури и силна аверзија кон нив.

Одберете едно сонце и ќе добиете мудра порака за вашата блиска иднина

Сродните души може да бидат пријатели за цел живот или многу кратко време да останат во вашиот живот. Без оглед на тоа, тие ќе ве променат на начин што сега нема да можете да го разберете. Обрнете внимание на тие луѓе. Тие се вашите најголеми дарови.

Трето сонце

Можеби не се сметате за креативни, но вие секој ден ја создавате вашата реалност преку вашите мисли, чувства, верувања, намери и дела. Вашата интелигенција ја поттикнува вашата инспиративна мисла и интуитивно водство. Вие знаете како да ја изразите вашата индивидуалност.

Одберете едно сонце и ќе добиете мудра порака за вашата блиска иднина

Моментално толку многу сте усогласени со универзумот што можете да направите чуда. Кога ќе почнете да го гледате вашиот живот како уметност што самите ја создавате, ќе почнете да доживувате само убави и значајни работи. Подгответе се, бидејќи можно е да бидете изненадени!

Во продолжение одберете ја сликата што прави да се чувствувате подобро и сознајте се себеси.

Необичен тест: Одберете ја сликата што прави да се чувствувате подобро и сознајте се себеси


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар