Неверојатна трансплантација: Жена направила операција на кралска пеперутка со скршено крилце

Во зависност од тоа во кој период од годината се родени, кралските пеперутки можат да живеат од 2 недели до 5 месеци, но времето на оваа пеперутка многу брзо истекувало. Таа била само 3 дена стара и се родила со скинати горни и долни крилца. За среќа, Роми МекКласки била тука за да помогне.

Неверојатна трансплантација: Жена направила операција на кралска пеперутка со скршено крилце

„Случајно почнав да одгледувам пеперутки кога најдов 3 гасеници во една грмушка во мојата градина“, изјавила Роми.

Кога едно од нејзините миленичиња се повредило, Роми знаела дека мора да му помогне. МекКласки го претворила домот во хируршка сала и употребила секојдневни предмети за да направи трансплантација на крило.

Неверојатна трансплантација: Жена направила операција на кралска пеперутка со скршено крилце

„Отсекогаш сум ги сакала пеперутките. Тие имаат многу големо значење за мене. Пред да почине мајка ми, пред околу 20 години, таа ми кажа: ’Роми, секогаш кога ќе видиш пеперутка, знај дека сум тука за тебе и дека те сакам’“, открила Роми.

Роми МекКласки е професионална костимографка и везилка, така што многу добро знаела што прави. Таа искористила крпа, жичена закачалка, цемент, чепкалка за заби, памучна чепкалка за уши, ножици, пинцета, талк пудра и крилце од пеперутката што умрела неколку дена претходно.

Неверојатна трансплантација: Жена направила операција на кралска пеперутка со скршено крилце

Продолжете на следната страница за да дознаете како поминала операцијата…

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар