Не плашете се од одразот во огледалото, вие заслужувате да се сакате себеси

Не плашете се од одразот во огледалото, вие заслужувате да се сакате себеси

За да бидете „некој“ ви се потребни многу работи. Треба да патувате на најегзотичните места. Треба да ја имате најдобрата кариера. Треба најмногу да заработувате. Треба да го имате најатрактивниот партнер. Треба да имате најмногу следачи и пријатели на социјалните мрежи. Треба да бидете убави. Само тогаш ќе бидете среќни. Само тогаш ќе бидете популарни. Само тогаш ќе имате вредност…

Не плашете се од одразот во огледалото, вие заслужувате да се сакате себеси

Живееме во свет каде можеме да погледнеме во екран и да ги видиме сите луѓе кои се „подобри“ од нас. Можеме, само со движењето на прстите, да ги видиме сите луѓе кои се поубави, попаметни и кои постигнале многу повеќе од нас. Нашата пренатрупана и наметната неспособност ни е испратена во совршени мали кутии наречени профили кои нѐ чекаат да ги истражиме, квантитативно распоредени за нас во бројки на следачи, пријатели, лајкови.

Живееме во свет во кој ги избегнуваме сите огледала, бидејќи не сакаме да го погледнеме нашиот одраз. Во кој ја избегнуваме поврзаноста со луѓето, бидејќи сметаме дека сѐ уште не сме најдобрата верзија од себе – утре ќе имаме повеќе пари, подобра облека, подобар живот. Ја избегнуваме љубовта, бидејќи сме убедени дека не сме доволно добри. Чекориме со главата спуштена надолу, бидејќи секоја порака околу нас вели дека сме неадекватни. Бидејќи секогаш изгледа како да има некој поубав, попаметен, подобар, некој… друг.

Вака се сакаме. Но, тоа не е љубовта што ја заслужуваме.

Ние сме една уникатна колекција од клетки и енергија која веројатно никогаш повторно нема да биде создадена на оваа планета. Во таа смисла, ние сме едни, единствени, сами, вредни. За себе, ние сме најоригиналната личност која некогаш се создала. Како и сите други. Ние заслужуваме да го цениме својот труд, своите достигнувања, она што сме. Не треба да ги игнорираме работите кои ги имаме, заради работите кои ги немаме. Ние имаме посебни таленти, дарби, способности, вештини кои ги делиме со сите, а сепак се само наши и имаме посебна приказна која никој друг нема да може да ја искуси.

Заслужуваме да запреме да се споредуваме со другите. Сите сме исти во тоа што сме бесконечно различни. Една риба не би се сметала за паметна ако ги оценува своите способности во искачување дрва. Напредокот кој го правиме во својот живот, својата приказна, нема никаква поврзаност со приказните и животните авантури на другите луѓе. Заслужуваме да си простиме себеси. За сѐ.

Заслужуваме да го живееме секој ден како да е последен. Не треба да се вртиме наназад, бидејќи ќе се сопнеме преку шансите кои се наоѓаат пред нас. Ја заслужуваме самодовербата во нашиот од, насмевката на нашето лице, пролетта која ја оставаме зад секој наш чекор. Заслужуваме да бидеме ние, бидејќи само ние го можеме тоа.

Заслужуваме уште едно парче торта за десерт, луѓе кои ќе нѐ сакаат и шанса да ги оствариме и најлудите соништа. Тоа не значи дека тие ќе дојдат лесно или дека сѐ ќе биде совршено на крајот, но барем имаме можност да го земеме светот кој што ни е понуден. Ние сме вредни за сѐ она што го имаме и за сѐ она што посакуваме да го имаме. Не дозволувајте ниедна друга личност, реклама или песимистичка мисла да ве убеди поинаку.

Кога животот изгледа супер, кога работите не се одбиваат од цилиндари, кога се чувствувате како да го доживувате секој момент, а не само да го живеете – тогаш можеби конечно ќе поверувате во својата уникатна убавина. Вие заслужувате да се сакате без услови и без резервации. Вашата способност не се мери со унапредувањето на работното место или со бројот на пријатели во вашиот социјален круг. Додека вашето срце чука, вие сте вредни.

И што треба да направиме во деновите кога не можеме да се натераме да поверуваме во ова? Кога сте на крајот од јажето, заврзете го во јазол и држете се. Заслужувате да го дочекате новото утро, и тоа ќе биде подобро. Светот е место од кое сте интегрален, непроценлив и незаменлив дел – и така треба да се третирате. Така треба да се сакате себеси.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар