Науката ја открива вистинската причина поради која се бакнуваме со затворени очи

Сите ние ги затвораме нашите очи кога бакнуваме некого. Но, тоа не е затоа што не ни се допаѓа лицето на нашиот партнер, туку од сосема друга причина. Според една нова студија за видот и тактилното сензорно искуство, се открило дека луѓето ги затвораат очите додека се бакнуваат со цел да му дозволат на мозокот да се фокусира на дадената задача. Нашиот мозок има проблем да го процесира сензорниот процес ако истовремено се концентрира и на визуелните дразби.

Науката ја открива вистинската причина поради која се бакнуваме со затворени очи

Студијата, која била водена од д-р Сандра Марфи и д-р Поли Далтон од Универзитетот во Лондон, била објавена во „Journal of Experimental Psychology: Human Perception and Performance“. Нивното откритие ни дава детално објаснување за затворањето на очите за време на бакнувањето.

Истражувачите побарале од учесниците да направат пребарување на зборови, кое било или лесно или тешко, како и да одговорат на присуството или отсуството на кратка вибрација која во исто време била нанесена на нивната десна или лева рака. Чувствителноста на очигледната тактилна дразба била намалена кога имало потешка визуелна задача за пребарување.

„Ние веќе знаевме дека зголемувањето на барањата од визуелната задача ќе го намалат забележувањето на визуелната или аудитивната дразба. Но, нашето истражување покажа дека ова се однесува и на чувството за допир“, вели д-р Марфи.

За време на бакнувањето и уживањето во други активности преку нашето чувство за допир, како танцувањето или сексот, луѓето сакаат повеќе да се фокусираат на допирот отколку на потенцијалните сензорни искуства кои го одвлекуваат вниманието.

„Овие резултати можат да објаснат зошто ги затвораме нашите очи кога сакаме да се фокусираме на друго сетило. Затворањето на визуелниот инпут ни овозможува повеќе ментални ресурси за да се фокусираме на други аспекти од нашето искуство“, дополнува д-р Марфи.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар