Научниците го откриле максимумот на животниот век на луѓето

Животниот век на луѓето е значително зголемен од 19-тиот век. Но ова не мора да значи дека тој ќе продолжува да се зголемува. Во списанието Nature било објавено истражување во кое научниците го одредиле максимумот на животниот век на луѓето.

(1)nauchnicite-go-otkrile-maksimuot-na-zhivotniot-vek-na-lugjeto-kafepauza.mk

„Изгледа дека го достигнавме врвот“, изјавил молекуларниот биолог Јан Вијг. „Тоа е тоа. Луѓето нема да живеат подолго од 115 години.“

Најголемата документирана возраст е 122 години, а ова го постигнала една жена по име Џин Луиз Калмет, која умрела во 1997 година. Пред да почине, таа се венчала со својот братучед, возела велосипед, а еднаш, кога била многу млада, го нарекла Винсент Ван Гог „грд“ додека се разминувала со него.

(4)nauchnicite-go-otkrile-maksimuot-na-zhivotniot-vek-na-lugjeto-kafepauza.mk

Откако навлегле во информациите за морталитетот и населението, професорот Вијг и неговите колеги утврдиле дека животниот век престанал да се зголемува околу 1980 година. Тие заклучиле дека човечкиот живот си има природна граница која медицинскиот напредок нема да може да ја продолжи.

Која е биолошката причината зошто животот нема да се продолжува?

(2)nauchnicite-go-otkrile-maksimuot-na-zhivotniot-vek-na-lugjeto-kafepauza.mk

Истражувањето покажало дека човечкиот животен век е генетски. Научниците истакнале дека тој е поврзан со посебна генетска особина на видовите. Оние кои живеат екстремно долги животи, како Калмет, се исклучоци од стандардниот модел.

Додека 115 години можеби не се новите 60, медицинските експерти сепак се обидуваат да ги спречат многуте проблеми кои влијаат на нашиот животен век.

„Постои добра можност да се подобри здравјето во староста, а тоа е најважното нешто“, изјавил Вијг.

(3)nauchnicite-go-otkrile-maksimuot-na-zhivotniot-vek-na-lugjeto-kafepauza.mk

Социологот Џеј Олшански разговарал за ова истражување, и дошол до слични резултати. Тој нагласил дека би требало да работиме на здравствените проблеми кои имаат влијание на морталитетот наместо да ја бараме фонтаната на младоста.

„Ова истражување покажува дека тој труд нема да донесе резултати бидејќи постои граница. Но ова не значи дека е невозможно да се напредува. Напротив, постојат многу начини да се продолжи животот со намалување на ризичното однесување, како пушењето и дебелината.“

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар