17 идеи што ќе ве инспирираат да се ослободите од вишокот килограми

Конечно сте донеле одлука да ги изгубите вишокот килограми. Успехот најмногу ќе зависи од вашата способност да останете мотивирани во текот на целото патување. На почетокот ќе ви биде лесно, но со текот на времето ќе се соочите со проблеми.

17 идеи што ќе ве инспирираат да се ослободите од вишокот килограми

Имајте на ум дека ова е сосема нормално. Ќе има денови кога ќе бидете навистина мотивирани, а ќе има и денови кога нема да сакате да излезете од дома.

Мотивација и инспирација за слабеење

Можат да постојат разни причини за вашата желба за слабеење, но заедничко на сите им е потребата од мотивација. Кога ќе дознаете зошто сакате да изгубите некој килограм, многу полесно ќе се мотивирате.

Слабеењето, па само и 5% од вашата тежина има многу придобивки, како на пример:

  • Го подобрува шеќерот во крвта
  • Го намалува ризикот од срцеви заболувања
  • Го намалува холестеролот
  • Ја намалува болката во зглобовите
  • Го намалува ризикот од одредени видови рак

Сите се мотивирани на почетокот, но мотивацијата слабее кога резултатите не се добиваат веднаш. Проблемот е што за видливи резултати е потребно време, а за тоа ви е потребна мотивацијата.

НАЈЧЕСТИ ПРОБЛЕМИ СО МОТИВАЦИЈАТА ПРИ СЛАБЕЕЊЕ

Постојат неколку причини за намалување на мотивацијата.

Социјална средина што не ве поддржува

Вашата социјална средина се вашиот дом, пријатели, семејство и слично. Многумина не ја сфаќаат важноста и влијанието на социјалната средина. Ако се обидувате да се движите по правиот пат, но некој ве убедил дека нема потреба од тоа, голема е веројатноста вашата мотивација да страда.

Многу напорна работа за бавни резултати

Кога вежбате 5 пати неделно и внимателно ги броите калориите, сигурно очекувате да намалите повеќе од еден килограм. Имајте на ум дека здравото слабеење е губење околу еден килограм неделно.

Повреди

Многу луѓе страдаат од повреди што им ја намалуваат способноста за вежбање. Можете да дискутирате со вашиот лекар на оваа тема. Сигурно постојат вежби што можете да ги правите и покрај вашата повреда.

Потреба за храна

Дури и најздравите луѓе понекогаш чувствуваат силна потреба за нездрава храна. Кога ќе се случи ова, внимавајте на порциите. Ако, на пример, сакате колачиња, најдобро е да ги направите дома за да можете да го менувате рецептот според вашите цели.

Здравата храна е скапа

Здравата храна навистина може да има повисока цена. Но, ако повеќе консумирате растителни продукти, како овошје, зеленчук, зрнести плодови и слично, нема да има голема разлика во цената.

Немање време за вежбање

Ако слабеењето е навистина вашата цел, потребно е да најдете време за тоа. Обидете се да го координирате распоредот и да вметнете време за вежбање. Кога немате време за долго вежбање, прилагодете се. На пример, паркирајте го автомобилот подалеку, качете се по скали наместо со лифт, направете некоја вежба за време на рекламите и слично.

КАКО ДА СЕ МОТИВИРАТЕ?

1. Љубов и ценење

Љубовта ја инспирира мотивацијата. Кога ќе се сакате, ќе се мотивираат да го цените вашето тело и сите нешта за коишто е способно.

2. Свесност

Ова значи да бидете свесни зошто сте започнале со слабеење и зошто сакате да ја исполните целта. Свесноста ќе ви помогне во текот на целото патување.

3. Бидете посветени

Ако не сте посветени, вашата мотивација ќе страда. Направете јавно посветување со цел полесно да се мотивирате.

4. Најдете ментор или партнер за вежбање

Менторот или партнерот дополнително ќе ве мотивира. Одлично е да имате некој којшто ве инспирира.

5. И животните мотивираат

Ако чувате куче, сигурно ќе се движите повеќе. Кучињата имаат потреба да излегуваат и да се шетаат, а ова ќе ви биде дополнителна физичка активност.

6. Цели

Запрашајте се дали вашите цели се реалистични. Како што веќе знаете, нормалното слабеење е еден килограм неделно, па ако вашата цел е да ослабете четири килограми до крајот на неделата, сигурно нема да го постигнете тоа.

7. Не се откажувајте

Сега сте на пат да го промените целиот ваш животен стил. Имајте на ум дека ова не се случува само за неколку денови. Потребно е време за да се формира нова навика.

8. Совршеноста не постои и ќе има лоши денови

Немојте да бидете премногу строги кон себе. Бидете трпеливи во текот на целиот процес. Ова патување не е лесно, а некои денови ќе бидат полоши од другите.

9. Не гледајте постојано кон целта

Фокусирајте се на патувањето, а не на дестинацијата. Кога ќе помислите колку долго ќе ви биде потребно за да стигнете до целта, можете да ја изгубите мотивацијата. Наместо тоа поставете си дневни цели и фокусирајте се на нив.

10. Направете план што одговара со вашиот секојдневен живот

Секој има разни одговорности и разни причини за слабеење, па еден план не одговара за сите. Самите направете си план што ќе одговара со вашиот распоред. Можете да пробате и некои од овие предлози:

  • Намалете го бројот на калории. Водете дневник и следете сè што ќе изедете.
  • Употребувајте помали чинии за помали порции.
  • Намалете го внесувањето на нездрави грицки и шеќер.
  • Држете се настрана од пржена храна.
  • Јадете многу овошје и зеленчук.

11. Немојте да се мерите секој ден

Доволно е да се мерите еднаш неделно. Секојдневното мерење е лошо бидејќи речиси и да не гледате разлика во тежината.

12. Не се фокусирајте само на вагата

Мерењето на вага е еден начин да го следите слабеењето. Но мускулната маса тежи, па ако сте качиле некој килограм не значи дека сте подебели, туку дека имате повеќе мускули.

13. Прославувајте и надградете се

Кога ќе стигнете некоја цел, прославете. Споделете го вашиот успех. Ова ќе ја зголеми вашата мотивација.

14. Најдете тренер

Сосема во ред е да најмите професионалец што ќе ви помогне во патувањето. Овде не мора да станува збор за фитнес тренер. Можете да најмите и нутриционист.

15. Музика

Музиката може навистина да ве мотивира. Истражувањата покажале дека оние кои слушале музика во текот на вежбањето почесто стигнувале до целта.

16. Чувајте ги фармерките

Можеби имате фармерки или парче облека кое засега ви е тесно, но се надевате дека ќе можете да го носите. Немојте да го фрлате, нека ве мотивира.

17. Фотографии

Вашето тело ќе се менува со промената на навиките за јадење и вежбање. Фотографирајте се на почетокот, и потоа правете фотографија на секои 30 до 60 денови. Кога ќе го забележите напредокот дополнително ќе се мотивирате.

Пробајте ги и овие необични совети за слабеење што навистина делуваат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар