Која намирница може да го скрати животот за 36 минути при секое нејзино консумирање?

Која намирница може да го скрати животот за 36 минути при секое нејзино консумирање?

Додека лекарите постојано ја нагласуваат важноста на исхраната во превенцијата на болестите, а бројните студии јасно покажуваат дека елиминацијата на одредени прехранбени производи од менито, како и зголемувањето на внесот на други, значително го подобрува здравјето, многумина не се откажуваат од една намирница.

Која намирница може да го скрати животот за 36 моменти при секое нејзино консумирање?

Според едно истражување, еден месен производ негативно влијае врз здравјето и постојат индиции дека дури може и да го скрати животот. Станува збор за виршли.

Како што откриле научниците, секој изеден хот-дог го скратува животот на поединецот за повеќе од половина час. Студијата, која го истражувале нутритивното влијание на речиси 6.000 намирници, покажала дека секој хот-дог што го јаде човекот може да го скрати неговиот животен век за точно 36 минути.

Во текот на истражувањето, експертите од Универзитетот во Мичиген ги зеле предвид сите аспекти од животниот циклус на храната, вклучувајќи го и начинот на кој таа е произведена, преработена, консумирана и складирана, како и колку е хранлив производот.

Спротивно на тоа, научниците откриле дека путерот од кикирики може да го зголеми животниот век за 33 минути. Лососот, исто така, го продолжува животниот век за 16 минути.

Како што е забележано во бројни студии, преработеното месо често се состои од непознати и тешко препознатливи состојки, вклучувајќи хемикалии, бои, засладувачи и конзерванси.

Според Светската здравствена организација, водечките причини за смрт во светот се три состојби кои можат да се спречат. Тоа се срцеви заболувања, деменција и рак.

Откако прочитавте која е една од најштетните намирници за човековото здравје, можеби ќе сакате да прочитате и која намирница може значително да го намали ризикот од деменција.

Извор: citymagazine.danas.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар