Претходно
Направете сами: Здолниште со висок струк од стара ролка
Здолништата со висок струк совршено ја нагласуваат женската силуета, ги издолжуваат нозете и можете да ги комбинирате со најразлични парчиња облека со цел да го постигнете оној изглед кој најмногу одговара на вашиот стил. Можете да ги носите на работа, на прошетка, во комбинација со патики, балетанки или високи потпетици. Токму затоа ако во вашиот шкаф сè уште немате здолниште со висок струк, земете една од старите ролки кои веќе не ги носите и со помош на овој туторијал трансформирајте ја во ова одлично парче облека.

За изработка на здолништето ќе ви бидат потребни:
- Ролка од растеглив материјал
- Ножици
- Игли
- Конец во иста боја како ролката
- Машина за шиење
Чекор 1 – Поставете ги иглите на работ од ракавите, по чија линија ќе шиете.

Чекор 2 – Превртете ја ролката наопаку и почнете да шиете.

Чекор 3 – Откако ќе завршите со шиењето, тргнете ги иглите.

Чекор 4 – Исечете ги ракавите, по линијата на шиеното.

Чекор 5 – Вашето ново здолниште е подготвено за носење.






























