Направете сами: Водени боички за цртање на тротоар

Вашите деца ќе го обожаваат од почеток до крај овој забавен и едноставен туторијал за водени боички. Вие не само што ќе поминете повеќе квалитетно време со вашите деца, туку и ќе ги научите на нешто ново. Од сега па натаму, тие самите ќе можат да си прават водени боички и потоа да го покажат својот талент за цртање пред сите нивните пријатели.

(1) Направете сами: Водени боички за цртање на тротоар

Боите кои се добиваат со овој рецепт се живи и сјајни, но и многу лесни за подготовка. Сè што ќе ви биде потребно за нивната изработка е:

  • 80 милилитри вода
  • 40 грама пченкарен скроб
  • Боја за храна (или друг вид боја која не е трајна)
  • Виљушка (за мешање)
  • Пластични садови (за боите)

(2) Направете сами: Водени боички за цртање на тротоар

Ставете ги пченкарниот скроб и водата во еден сад и мешајте сè додека не добиете смеса која е со иста густина како бојата за бојадисување. Потоа додадете неколку капки боја и мешајте сè додека таа не се распредели рамномерно. Сипете ги вашите водени бои во мали садови и подгответе се за цртање.

Откако вашите деца ќе завршат со цртање, ќе можете многу лесно со вода да ја отстраните оваа боја од вашиот тротоар. Со оглед на тоа што пред нас нè очекуваат многу топли денови, сигурно сме дека вашите деца бескрајно ќе се занимаваат со оваа нова летна активност. За повеќе детали, погледнете го следново видео:

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар