Најважниот козметички третман за секоја жена

Најважниот козметички третман за секоја жена

Спиењето по осум часа е еден од најдобрите козметички третмани во светот, а е потполно бесплатен. Истражувањата покажуваат дека изгледаме многу поздраво и поубаво доколку сме спиеле осум саати, а сме помалку атрактивни ако не сме имале добар сон, посебно ако тоа се случува неколку ноќи по ред. Студиите покажуваат и дека количината на сон значајно влијае на тоа како другите нè гледаат и според тоа судат за нашиот изглед.

osum-chasa-son (1)

Општо познато е дека сонот влијае на нашето здравје, но треба да имаме предвид и дека кожата се подмладува во текот на ноќта. Токму затоа изгледаме поубаво кога се будиме после подолго спиење. Кожата речиси двојно се регенерира во текот на ноќта, поточно во периодот од 23 часот до 4 часот наутро. Ако користиме квалитетна ноќна крема или серум тоа може да има чудесни ефекти на нашата кожа, но мораме да бидеме сигурни дека спиеме доволно долго и да внимаваме да не го пропуштиме овој период од ноќта. Ноќната крема ја зголемува предноста од осумчасовното спиење, на тој начин што специјалните состојки коишто ги содржи вршат подмладување на кожата. Препорачливо е вашата крема да содржи антиоксиданси, ретинол и пилинг состојки коишто ќе обезбедат интензивна хидратација.

Хидратацијата е неопходна затоа што студиите покажуваат дека нашата кожа губи повеќе влажност кога не спиеме доволно долго. Иако со негата на кожата може да поправите дел од штетата предизвикана од недоволната количина сон, различните козметички препарати не можат да ги заменат нашите задолжителни осум часа сон. Недостатокот од сон е поврзан со процесот на стареење и луѓето коишто премалку спијат изгледаат и до десет години постари. Денес спиењето е луксуз, но мораме да се потрудиме да најдеме време за добар сон!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар