Соништа кои претскажуваат љубов: Обрнете внимание на овие 5 елементи

Сигурно веќе сте имале соништа чија смисла не била видлива на прв поглед. Но, ако во овие соништа се појавил некои од следниве 5 симболи, тогаш според онеирологијата, науката за толкување соништа, љубовта набрзо ќе чукне на вашата врата.

Соништа кои претскажуваат љубов: Обрнете внимание на овие 5 елементи

1. Кукла

Овој симбол нема само едно значење. Доколку вие си играте со куклата, тоа значи караница или некаков вид несогласување. Но, ако ја подарите, тоа е знак дека во вашиот живот ќе дојде нова љубов.

2. Голотија

Во нашите соништа често се појавува овој несекојдневен елемент. Доколку се соблекувате или веќе сте голи, тоа укажува на ново познанство. Оваа непозната личност може да биде важна за вас, личност со која можете да развиете романса.

3. Постелнина

Креветот и постелнината укажуваат на љубов и на фактот дека сте способни да прифатите нови емоции. Ако во вашите соништа се појавува бела платнена постелнина, тогаш целосно сте спремни за дочекот на новата љубов.

4. Густа шума

Ако сте во недоумица во шума и не можете да го пронајдете излезот, тогаш сè уште не сте подготвени за доаѓањето на љубовта. Но, успешното бегство од неа значи дека сте доволно зрели за нов однос и дека набрзо ќе пронајдете љубов.

5. Семки

Семките се симбол на плодноста. Истото се случува и со љубовта. Ако во вашиот сон се појави сеење семиња, тогаш вие сте подготвени да примите нови емоции. Но, ако сонувате жетва, тоа значи дека треба да ставите крај на оние нешта кои досега ве спречувале да почнете од почеток.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар