Можете ли да ги решите овие загатки без да погледнете во одговорите?

Погледнете ги овие интересни загатки кои сигурно ќе ви ги размрдаат мозочните клетки. Направени од веб-сајтот Propensity For Curiosity, тие ќе ја задоволат сечија љубопитност, а преставуваат предизвик дури и за најискусните решавачи на загатки. Затоа, седнете на некое удобно место, активирајте ги менталните мускули и концентрирајте се. Обидете се да ги решите загатките без да погледнете во одговорите. Правила нема, а времето ви е неограничено. Уживајте.

Можете ли да ги решите овие загатки без да погледнете во одговорите?

Кривичен престапник е осуден на доживотен затвор. Треба да избере помеѓу 3 затворски ќелии: Едната е постојано во оган, другата – тренирани убијци со полни оружја и третата – лавови кои не јаделе со години. Која ќелија е најбезбедна?

  • Одговор

    Третата, бидејќи лавовите веројатно умреле од глад.

Овој древен изум им овозможува на луѓето да гледаат низ ѕидовите. За што станува збор?

  • Одговор

    Прозорец.

Не се помрднувам од аголот, но патувам низ целиот свет. Што сум јас?

  • Одговор

    Поштенска марка.

Чистач ги чистел прозорците на 25-тиот кат на еден облакодер. Одеднаш се лизнал и паднал. Немал никаква безбедносна опрема и ништо што би можело да му го олесни падот. Како успеал да остане неповреден?

  • Одговор

    Ги чистел прозорците однатре.

Јас сум прва на екваторот, втора во меридијанот. Се појавувам два пати во неделата, но ме гледате само еднаш во векот. Што сум јас?

  • Одговор

    Буквата „Е“.

Многумина ме слушнале, но никој не ме видел и никогаш нема да зборнам сѐ додека мене некој не ми зборне.

  • Одговор

    Ехо.

Повредуваме без никого да допреме. Ја носиме вистината, но ги носиме и лагите. Нам не ни се суди по големината, туку по содржината. Што сме ние?

  • Одговор

    Зборови.

Имам мориња без вода. Шуми без дрвја. Пустини без песок. Планини без врвови. Што сум јас?

  • Одговор

    Географска карта.

Една жена се родила во 1948-та година, но неодамна го прославила својот 16-ти роденден. Како е тоа можно?

  • Одговор

    Родена е на 29-ти февруари, односно во престапна година.

Имаме јазик, но не го користиме за зборување. Не можеме да чекориме сами по себе, но можеме да појдеме каде и да посакаме. Што сме ние?

  • Одговор

    Чевли.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар