Психолозите објаснуваат: Зошто високо интелигентните луѓе имаат помалку пријатели?

Психолозите објаснуваат: Зошто високо интелигентните луѓе имаат помалку пријатели?

Нема сомнеж дека нам ни се потребни пријателите и дека комуникацијата има свои предности. Но, научниците решиле да си го постават следново прашање: Дали навистина ни е потребна комуникација за да се чувствуваме среќни и задоволни со нашите животи? Нивното истражување вклучило 15.000 луѓе на возраст помеѓу 18 и 28 години кои живееле во области со различен број на жители и кои комуницирале со нивните пријатели во различни временски рамки. Резултатите биле изненадувачки, но и корисни за нас за подобро да се разбереме себеси.

Психолозите објаснуваат: Зошто паметните луѓе имаат помалку пријатели?

Најголемите заклучоци извлечени од истражувањето

Психолозите, специјалисти за човечка еволуција, Сатоши Каназава, од факултетот за економија во Лондон и Норман Ли од Универзитетот за менаџмент во Сингапур дошле до неколку заклучоци:

1. Прво, по правило луѓето кои живеат во густо населени области се помалку среќни.

2. Второ, за да се чувствуваме среќни, на повеќето од нас ни е потребна постојана комуникација со пријатели и луѓе кои размислуваат на сличен начин. Колку поблиски разговори имаме, толку повисоко е нивото на нашата среќа.

3. Трето, луѓето со висока интелигенција многу често се исклучок од правилото.

Колку што е повисока интелигенцијата, толку помалку постојана комуникација му треба на човекот. Интелектуалците не се толку задоволни со нивните животи кога се премногу социјално активни. Не се среќни со улогата „животот на забавата“.

Луѓето со висока интелигенција имаат тесен круг на пријатели

Мозокот на интелигентниот човек работи на свој начин и прави разлика дури и во начинот на кој човекот ја третира комуникацијата. Тешко е да се биде интелигентен. Таквите луѓе се чини дека живеат во свој свет. За луѓето со натпросечна интелигенција, социјалната активност е повеќе како неопходно зло отколку како животна потреба. Повеќето генијалци се осаменици и многу малку луѓе ги разбираат и прифаќаат. Всушност, колку повеќе овие паметни луѓе треба да комуницираат со другите, толку помалку среќни се чувствуваат.

Интелигентните луѓе имаат поголем ентузијазам за работите кои им се важни отколку за комуникацијата

Керол Греам од Институтот Брукингс и експерт за економичноста на среќата, смета дека интелигентните луѓе го користат поголемиот дел од времето за да постигнат долгорочни цели. Интелектуалците наоѓаат среќа во активностите кои носат резултати. На еден доктор кој работи на вакцина против рак, не му е потребна честа интеракција со други луѓе. Тоа му го одвлекува вниманието од неговата главна активност, што значи дека негативно влијае на неговото чувство на среќа и ја нарушува неговата внатрешна хармонија.

Психолозите објаснуваат: Зошто паметните луѓе имаат помалку пријатели?

Причините потекнуваат од далечното минато

Постои идеја позната како „Саванската теорија за среќа“. Според неа човечкото суштеството не е само збир на гени, туку и на сеќавања од неговите предци. Општо гледано, животниот стил на античките ловци сѐ уште влијае на нашиот живот, односно попрецизно, на нашето внатрешно чувство на среќа. Ние се чувствуваме среќни во апсолутно истите ситуации и околности како и нашите предци пред илјадници години. Заедницата на нашите предци во африканската савана броела не повеќе од 150 луѓе. Според нашите стандарди тие живееле во мало село каде популацијата изнесувала еден жител на километар квадратен. Тие морале да останат заедно за да ја преживеат суровата средина.

Денес, ние живееме во ерата на технологијата и сме опкружени со огромен број луѓе. Меѓутоа, повеќето од нашите современици сѐ уште носат некои особини кои се генетички предодредени од човечката еволуција. Се чини како телото да постои во една реалност, а мозокот во друга. Телото живее во огромен град со илјадници жители на километар квадратен, а мозокот во пуста савана.

Ова важи за повеќето, но не за сите.

Високата интелигенција им овозможува на луѓето да се прилагодат на нови околности

Интелектуалците, за разлика од луѓето со просечна интелигенција, во одредена фаза од еволуцијата успеале да ја надминат разликата која постои помеѓу меморијата на минатото и сегашноста. Генерално, тие се поспособни да се адаптираат. Природата ги предодредила на начин благодарение на кој можат да ги решат новите еволуциони проблеми. Поради тоа интелигентните луѓе можат лесно да живеат според сопствени правила, без премногу да се држат до нивните корени. Нивната висока интелигенција им овозможува слобода да не мора да зависат од другите луѓе цело време, и независно да се движат кон нивните цели. Луѓето кои ја имаат живеат во хармонија со себеси и потребна им е блиска комуникација само одвреме-навреме.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар