Лименки пиво му го спасиле животот

Лименки пиво му го спасиле животот

Автор: Весна Јовановска

Автомобилот и пивото, понекогаш и не се толку лоша комбинација. Ако се подготвувате за некое зимско патување, слободно со себе понесете и по некоја лименка светло пивце. Еве и зошто…Лименки пиво му го спасиле живототЖител на Алјаска, со моќта на пивото успеал да преживее три дена заглавен во снежен нанос. На многу километри далеку од дома, 52-годишниот Клифтон Фил се превртел со својот автомобил и останал заробен во снегот. Со себе имал само вреќа за спиење и неколку лименки пиво.

На минус 28 степени Целзиусови, бил облечен во чевли за тенис, фармерки и тенка јакна. Од време на време, го палел моторот од неговиот џип за да го активира греењето и да се топли. Но, сфатил дека без храна, нема да може долго да издржи. Тогаш на Клифтон му „светнало“ дека во автомобилот има пиво и дека со него, може привремено да ја намали потребата за храна. Почнал со нож да ги расекува лименките и да ја јаде замрзнатата течност.

Семејството на Клифтон било надвор од градот, па немало кој да го забележи неговото отсуство. Дури на почетокот на работната недела, завршиле неговите маки. Кога неговиот шеф видел дека Клифтон не се појавил на работа, веднаш го вклучил алармот. Во потрага се впуштиле сите, полицијата, пожарникари, волонтери. Конечно бил извлечен, после 60 часа поминати под снежниот нанос.
———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Смајли Reply

    Среќа! 🙂

Напиши одговор на Смајли Откажи одговор