Кои се негативните страни на интелигенцијата?

Кои се негативните страни на високата интелигенција?

Добрите страни на интелигенцијата се состојат во тоа што не мора многу да учите, брзо ги разбирате нештата коишто им се тешки на другите, одлично се снаоѓате во секакви ситуации, а посебно во нови и непредвидливи. Кога ќе се спомне зборот „интелигентен“ веднаш асоцира на паметен човек и сите карактеристики што можат да му се припишат. Но. Дали некогаш ви паднало на памет дека интелигенцијата има и лоши страни? Прочитајте во продолжение за да дознаете со што се соочуваат интелигентните луѓе.

Со разумот ги потиснуваат емоциите

Интелигентните луѓе многу добро ги разбираат своите емоции, но поретко ги покажуваат од останатите бидејќи се трудат да ги изразат со зборови. Тие што се помалку интелигентни голем дел од емоциите ги изразуваат со движење на телото, трчање, танцување, скокање од среќа.

На потежок начин учат што значи напорна работа

Интелигентните личности во многу работи вложуваат помалку напор отколку останатите бидејќи брзо сфаќаат. Меѓутоа, тоа спречува многумина од нив да научат што е упорност и напорна работа, а тоа е многу важно за успех. Поради тоа што не мора толку напорно да учат во детството бидејќи брзо помнат, многу интелигентни луѓе немаат развиено работни навики.

Другите имаат високи очекувања

Кога сте многу интелигентни луѓето автоматски имаат високи очекувања од вас, а тие често се и нереални. Лошата страна на тоа е што често под притисок поради очекувањата од околината понекогаш се помалку склони кон преземање ризици поради страв од неуспех.

Премногу размислуваат и анализираат

Поминуваат многу размислувајќи и анализирајќи ги работите, понекогаш дури и премногу. Токму поради тоа претерано анализирање на сè некогаш им е тешко да донесат одлука па делуваат неодлучно бидејќи однапред мора да размислат за последиците од секоја одлука.

Луѓето мислат дека се фалбаџии

Понекогаш интелигентните луѓе се возбудени поради тоа што научиле нешто ново и сакаат тоа да го споделат со другите, но тогаш во очите на околината делуваат лошо – фалбаџиски. Затоа неретко може да се слушне како велат за интелигентните дека „тој/таа мисли дека знае сè“, или „тој/таа мисли дека е најпаметен/а“.

Знаат колку не знаат

Тие се свесни дека има толку многу работи што не ги знаат бидејќи колку и да се трудат не можат да научат и да разберат сè. Тоа може малку да ги фрустрира бидејќи колку повеќе учат и знаат толку се посвесни дека постојат работи што не ги знаат.

Научете како да препознаете личност со натпросечна интелигенција.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар