3 начини на кои вашите дланки можат да ви го откријат начинот на кој ќе умрете

3 начини на кои вашите дланки можат да ви го откријат начинот на кој ќе умрете

Гатачите отсекогаш користеле различни методи за одредување судбини. Читањето од дланки е една од најстарите техники со која можеме да го предвидиме начинот на нашата смрт.

Според гатачите, линиите на нашите дланки даваат увид за тоа како ќе умреме. Но постојат многу информации кои се користат за да се утврди тоа, а читањето од дланка може да ни помогне да се впуштиме подлабоко во тајните на нашата судбина.

Прво што треба да направите е да ја идентификувате линијата на вашата судбина. Тоа можете да го сторите со помош на оваа слика. Линијата на судбината е пишана како „fate line“ и се наоѓа на средината на вашата дланка.

3 начини на кои вашите дланки ви го откриваат начинот на кој ќе умрете

1. Болест

За да утврдите дали ќе умрете од болест, треба да барате сртови. Тие изгледаат како отпечатоци на работ на дланката. Покрај големите линии, погледнете ги и малите и можеби ќе забележите дека тие линии почнуваат да исчезнуваат. Доколку е така, тоа би можело да укаже дека доаѓа терминална болест.

3 начини на кои вашите дланки ви го откриваат начинот на кој ќе умрете

2. Несреќа

Некои од гатачите веруваат дека ве очекува несреќа доколку видете длабоки хоризонтални линии, црти или точки со вертикални линии. Доколку не ги гледате, продолжете понатаму – не ги барајте.

3 начини на кои вашите дланки ви го откриваат начинот на кој ќе умрете

3. Друго

Доколку видите „остров“ или линија која се разделува на два дела и потоа повторно се спојува, тоа би можело да значи дека ви претстои несреќа. Малите синџири кои се како серија од мали островчиња може да укажуваат на слабо здравје. А линиите кои формираат крст или Х на дланката ги покажуваат подемите и падовите на вашето здравје.

Додека читањето од дланка се смета за точно, немојте да се вознемирувате од работите кои можете да ги видите. Забавувајте се и уживајте во дадените информации. Не дозволувајте да западнете во морбидна фасцинација.

Дознајте и како да јаоткриете вашата судбина со помош на древниот египетски хороскоп.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент по Македонски јазик и книжевност. Кога не пишува - чита, и обратно. Сигмунд Фројд, нејзините миленичиња, цртани, Фреди Меркјури, стари предмети и Мото ГП.

Поврзани содржини

Остави коментар