Откријте ја вашата судбина со помош на древниот египетски хороскоп

Старите Египќани имале хороскоп според кој си ја предвидувале судбината. Како религиозен народ, главната поделба била на 12 знаци, а секој знак претставувал еден бог. На старите Египќани, порано ѕвездите им значеле многу повеќе отколку денес. Тие живееле во согласност со нив. Дури и познатите пирамиди се градени според ѕвездите. Тие биле љубопитни дали можело да се оствари предвиденото на луѓето според движењето на небесните тела.

Свештениците правеле персонализирани карти при секое раѓање на дете. Во Париз, во музејот Лувр, се изложени 12 хороскопски знаци, преземени од храмот на Божицата Хатор, кои датираат од 50 години пред нашата ера. И иако бројот на знаците ги презеле од Вавилонците и Грците, описите и датумите не се совпаѓаат со „нашиот“ хороскоп. Големо влијание имало тоа што Египќаните не гледале со исти очи на светот како нас. Затоа нивниот хороскоп е различен од нашиот.

Амон-Ра (26 април – 25 мај)

Амон-Ра е богот на сонцето, создавањето и градењето. Оние кои се родени во овој период се водичи, лидери и мотиватори. Уште од школските денови можат да бидат избрани за извршување на одредени функции и често се посакувани во друштво. Уверени се дека ги чека значајна мисија во животот, затоа честопати со голем ентузијазам ги прифаќаат задачите. Доколку некогаш пробате да ги обвините за нешто, ќе го видите само нивниот бес и непријателство. Најдобар пристап кон нив е додворувањето.

Најдобри професии за припадниците на овој знак се учител, уредник и политичар.

Хатор (26 мај – 24 јуни)

Хатор е божица на небото и земјата. Родените во овој знак се претставителни, грижливи и приврзани. Емпатијата и емоционалноста им се најистакнатите особини. Ги погодува сè што ќе доживеат, при што покажуваат силни емоции, без разлика дали се позитивни или негативни. Овој знак знае да биде многу напорен со своите изливи на љубов. Нивните совети можат да бидат банални, но секогаш се добронамерни.

Професиите со кои би требало да се занимаваат припадниците на овој знак се глума, ликовни уметности, работа во медиуми, социјална работа и фармација.

Бену (25 јуни – 24 јули)

Бену е бог на обновувањето и воскресението. Претставен е како птица која константно се раѓа од својата пепел. Грците овој мотив го презеле од птицата Феникс, па многу кои го проучуваат овој знак, го нарекуваат и Феникс. Луѓето родени во овој знак ги краси оптимизмот во тешките ситуации, прилагодливоста и способноста за опстанок и после „тешките“ удари во животот. Честопати ризикуваат, понекогаш и непромислено. Меѓу пријателите се познати како мотиватори и како поддршка за исцрпените и болните. Сакаат да го минуваат времето сами, како би ја обновиле енергијата што ја трошат многу.

Тие би требало да се занимаваат со работи кои вклучуваат ризик, почнувајќи од банкарство, рударство, па сè до воена кариера.

Анубис  (29 јули – 28 август)

Анубис е бог на подземјето, гробовите и заштитник на мртвите. Прикажан е како човек со глава на чакал или куче. Родените во овој знак се самостојни, доверливи и одговорни. Способни се да извршат поголем спектар на задачи во однос на сите останати знаци. Многу се емпатични и им нудат помош на оние на кои им е потребна. Понекогаш нивната добродушност е искористувана. Во староста тие стануваат мудреци кои ги разоткриваат длабоките тајни за себе и за светот.

Социјален работник, правно лице и претставник на односи со јавноста се најдобрите професии за овој знак.

Тот (29 август – 27 септември)

Тот е бог на мудроста и учењето. Луѓето родени во овој знак се одлични при решавањето на своите и туѓите проблеми. Вешти се и во организирање на работата. Тие се внимателни и добри планери. Не се врзуваат емотивно за работата и местото на кое работат, па со задоволство би се преселиле доколку добијат подобра понуда. Ако се најдат во стресна ситуација, нивните вообичаени доблести се искачуваат над наглоста и непромисленоста. Во таквите ситуации, тие презимаат сè за да пронајдат брзо решение за излез од тешката ситуација.

Идеални професии за овој знак се учител, правник, книговодител и менаџер.

Хор (28 септември – 27 октомври)

Хор е бог на сонцето и небото. Луѓето родени во овој знак се амбициозни, храбри и доста агресивни. Сакаат од животот да го извлечат максимумот и се претставени како најмалку мрзливиот знак. Тие се отпорни на стрес, па се впуштаат во ситуации кои другите внимателно ги избегнуваат. Оптимисти се и упорни во своите цели, дури и кога околностите не им се во прилог. Кога ќе сфатат дека отишле предалеку, стануваат тврдоглави и одбиваат да признаат пораз, како и грешки.

Вистинската професија за овој знак се крие во политиката, но за нив може да се најде место и во војската или во полицијата. Можат да се занимаваат и со спорт.

Ваџет (28 октомври – 25 ноември)

Ваџет е заштитна божица на земјата, кралевите и родилките. Претставена е со ликот на змија или жена со две змиски глави. Луѓето родени во нејзиниот знак се претпазливи, со голема самодоверба, таинствени и воздржани сè додека некој не ги предизвика. Ако оние за кои се грижат, се најдат во опасност, верно ќе се борат за нив без разлика какви се шансите за победа. Тешко стекнуваат пријателства, но кога ќе се зближат со некој, тие се верни. Еднаква верност бараат и од оние кои ги сметаат за пријатели. Во однос со останатите се ладни, како да сакаат да ги одбијат од себе.

Најдобрите професии за овој знак се хирург, полицаец, дијагностичар и менаџер.

Сехмет (27 ноември – 26 декември)

Сехмет е симбол на војната, ловот и непријателството. Луѓето родени во овој знак се емоционално плитки. Таквиот темперамент им помага да бидат опуштени, комуникативни и забавни. Жедни се за акција и откривање на нови искуства. Нивното пријателство е пријатно, сè додека не почнат да посакуваат нешто што е ваше. Во тој случај, можат да посегнат по тоа без разлика на непријателството кое ќе произлезе. Ова не значи дека тие намерно сакаат да направат штета, туку дека едноставно не се грижат за туѓите интереси.

Тие би требало да бидат истражувачи, трговци, новинари или ловџии.

Сфинга (27 декември – 25 јануари)

Сфингата е чувар на богатството – материјално и духовно. Способна е да го менува својот облик во зависност од ситуацијата. Родените во овој знак се постојани и издржливи личности кои планираат и делуваат на долгорочен план. Иако се способни тактички да се прилагодат на околностите, не ја испуштаат од видик стратешката цел. Можат да одржуваат контакти со голем број луѓе, но ретко се истрајни. Со чување на својот личен идентитет, а притоа движејќи се во различни кругови на познанства, за нив често се шират неверојатни гласини, од кои ретко кои се вистинити.

Родените во овој знак треба да изградат кариера како научници, филозофи, историчари или писатели.

Шу (26 јануари – 24 февруари)

Шу е бог на воздухот и ветерот. Оние кои припаѓаат на овој знак, се неконвенционални и често ги кршат правилата за социјалните норми, а понекогаш дури и не ги ни познаваат. Имаат добри и напредни идеи. Шу живее во свој свет и неволно се прилагодува на другите. Ако се премисли во врска со нешто, за тоа се одговорни неговите лични причини, а не убедувањата или притисокот од страна на друг. Поради непредвидливите промени на неговиот став, околината го доживува Шу како неодговорен и без самодоверба.

Овој знак е најдобар како доктор, писател, новинар или програмер.

Изида (25 февруари – 26 март)

Изида е божица на природата и магијата. Личностите родени под нејзина заштита се иницијативни и идеални. Нив ги краси променливата лудост, и необичниот спој на мекост и тврдост. Во некои работи можат лесно да попуштат, додека во други се неубедливи. Она што е за нив неоспорна стварност, на другите може да им се чини потполна фантазија. Понекогаш Изида претставува вистина, до која можат само најхрабрите да дојдат.

Поради ваквата природа, овој знак би требало да се занимава со уметност, советување или угостителство. Тој е исто така добар доктор и терапевт.

Озирис (27 март – 25 април)

Озирис е бог на другиот свет, вечниот живот и тишината. Родените во овој знак се издвојуваат со голема енергија и влијателност на околината која најчесто не умеат да ја контролираат. Тие се динамични и брзоплети. По правило реагираат „од прва рака“, без премислувања. Кога нешто ќе им здодее, го оставаат без никаква сентименталност. Исто така, често почнуваат нагло нешто ново, работа или хоби, се преселуваат или ја преуредуваат куќата. Со мала волја се обврзуваат за нешто долгорочно.

Професиите кои одговараат на овој знак се продажба, мода, истражувања, технологија и спорт.

Автор: Ана Патриклиева

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар