Што ќе им донесе црната месечина на хороскопските знаци?

Што ќе им донесе црната месечина на хороскопските знаци?

Две млади месечини во еден месец! Ова е вистински феномен на небото, но и во астрологијата која му го дала името црна месечина!

Црната месечина во знакот Девица претставува специјален настан во лунарната астрологија и се случува еднаш во две години. Младата месечина во знакот Девица нè мотивира да ги преиспитаме нашите животни одлуки и да направиме промена каква што отсекогаш сме посакувале. Време е да се активираме и полека да тргнеме по патот кон остварување на нашите соништа.

Што носи Црната Месечина за хороскопските знаци

Енергијата на Девицата е многу моќна во овој период, па ќе воведе ред и организација во секој хаотичен сегмент во животот. Потрудете се да не западнете во замката на перфекционизам и прифатете дека понекогаш работите нема да се одвиваат така како што сте ги замислиле.

Младата Месечина во знакот Девица на 30 август, претставува совршен ден да започнете нешто ново и да ја обновите енергијата на разни животни полиња, особено кога е во прашање љубовта. Многу од луѓето во наредните денови ќе пронајдат сродна душа, а зафатените срца ќе започнат со планирање на заедничка иднина и брак.

Овен

Драги Овни, време е за организација!

Црната месечина позитивно ќе влијае на вашиот деловен живот. Ќе бидете подобро организирани и ќе промените некои секојдневни навики. За оние Овни кои мечтаат за промена на работата, постои шанса за нова деловна понуда.

Размислете за своите рутини. Посветете се на менталното здравје.

Бик

Драги Бикови, останете со „ладни“ глави!

Притисокот и тежината кој го носите на својот грб ќе ви помогне да се усовршите во текот на периодот за време на црната месечина. Ќе успеете да го организирате своето време и лесно ќе се прилагодите на секоја нова ситуација.

Прекрасната енергија на љубовта ќе ви донесе нова романса. Биковите кои се во врска ги очекува сладок однос со партнерите, но потрудете се да избегнувате конфликти и критики. Многу од паровите ќе посакаат да се најдат во улогата на родител.

Близнаци

Драги Близнаци, ќе почувствувате зголемена тензија.

Ве очекуваат расправии со партнерот. Кога ќе почувствувате лутина и бес, немојте веднаш да започнувате расправија, туку почекајте да се смират страстите, а потоа разговарајте. Оние кои посакувале нов дом, ќе имаат прекрасни вести во врска со селидба.

Ви одговараат промените кои се случуваат. Останете приземни и храбро чекорите по патеката на вашите соништа.

Рак

Драги Ракови, ви се насмевнува ново пријателство!

Црната месечина носи период исполнет со богат социјален живот. Ќе запознаете многу интересни личности, а многу од познанствата ќе ви донесат добри промени на деловен план.

Одморот во природа позитивно ќе влијае на вашето здравје и ќе ви помогне да го намалите стресот. Внимателно избирајте ги вашите зборови.

Лав

Драги Лавови, можно е подобрување на финансиите.

Црната Месечина ќе ве поттикне да размислите околу некои прашања во врска со финансиите. Ќе направите важни чекори на полето за финансии, а ризикот на многумина ќе им се исплати.

Постои можност во наредните неколку месеци да добиете неочекуван прилив на пари. Заслужувате награда за вашата напорна работа.

Девица

Драги Девици, немате причина да не останете доследни на себе.

Имате доволно самодоверба да застанете зад вашите идеи. Периодот на молчење, несигурност и криење ќе стане ваше минато. Време е да излезете од сенката и да се претставите себеси во најдобро светло. Со младата месечина и разните планети во вашиот знак, ќе бидете спремни за големи животни промени во наредните неколку месеци.

Фокусирајте се на среќата, позитивните чувства и физичкото здравје. Сега е вистинското време за детоксикација и здрави навики.

Вага

Драги Ваги, љубовта е насекаде околу вас, а шансите се многу големи конечно да го запознаете совршениот партнер. Љубовта за која отсекогаш сте сонувале, конечно ќе стане реалност.

Црната месечина ги повикува Вагите да излезат од својата удобна зона и да се посветат на хуманоста на кој било можен начин. Волонтирајте и придружете се на некое добротворно здружение. Ќе се издигнете духовно на едно сосема ново ниво, а во месеците кои се пред вас, ќе ви се врати дупло!

Скорпија

Драги Скорпии, ве очекува љубов на прв поглед!

Осамените Скорпии ќе запознаат личност која буквално ќе им го одземе здивот. Доколку сте во врска, ќе запознаете нови пријатели кои ќе ви помогнат да ги остварите своите соништа.

За време на црната месечина, ви претстои поволен период за склопување договори и запознавање луѓе со исти верувања. Ве очекуваат многу позитивни изненадувања. Поставете си нови цели и амбициозно работете на нив – верувајте ни, ќе успеете!

Стрелец

Драги Стрелци, пред вас се големи промени во работата.

Црната месечина ви носи промени во вашето поле за работа. Нема да ви биде лесно да ги прифатите, а вашите напори да ги спречите промените ќе бидат залудни. Прифатете дека не можете да ја добиете секоја битка.

Стрелците кои копнеат за промена на кариерата, конечно ќе имаат прилика да ги остварат своите соништа. Време е да одредите нов пат и да сфатите што точно посакувате на деловен план. Не дозволувајте критиките да ве предомислуваат. Задржете го оптимизмот, дајте сè од себе и тоа сигурно ќе ви се исплати.

Јарец

Драги Јарци, сè ќе си дојде на свое место!

Ќе запознаете нова личност која ќе ви стане голем пријател, но вас ќе ве привлекува во сексуална смисла. Доколку сте планирале некое патување, поради таа личност ќе сакате да ги измените своите планови.

Вие ќе уживате во сè што ќе ви донесе црната месечина. Ќе совладате нови вештини и ќе станете најдобри во својата работа.

Водолија

Драги Водолии, вие ќе станете нова, најдобра верзија од себе!

Црната месечина е пријател на Водолиите, па во овој период ќе ги охрабри да го променат својот животен стил на подобро, како и да започнат со занимавање на некој спорт. Промените во исхраната ќе направат многу добри работи за вас.

Водолиите во текот на црната месечина ги очекува прилив на пари, кој ќе им помогне да ги остварат своите соништа. Овој период е одличен за средување на финансиската ситуација, но внимавајте да не дојде до конфликт со партнерот околу парите.

Риби

Драги Риби, ве очекуваат многу убави вести!

Црната месечина во вашиот живот ви носи личност која ќе направи вашето срце побрзо да чука. Кога станува збор за работата, пред вас е нов и многу поволен договор како и значајно покачување на платата.

Во љубовта сè ви оди од рака. Доколку сте сами, ќе се заљубите, а доколку сте во врска, таа ќе се издигне на едно повисоко ниво. Сепак, за вас постои едно предупредување за време на црната месечина – бидете практични и реални, останете цврсто на земјата, бидејќи во спротивно можат да настанат проблеми кои нема да можете лесно да ги предвидите на самиот почеток.

Општ заклучок и порака за сите хороскопски знаци

Црната Месечина ќе има најголемо внимание врз Девиците.

Сите знаци треба да се фокусираат на детоксикација на телото, умот и духот. Не се занимавајте со критики и перфекционизам. Не се фокусирајте на мааните, туку на она што може да се поправи. Пронајдете начин како во својот живот да направите место за добри и здрави работи.

Прочитајте и за кои 4 хороскопски знаци септември ќе им биде многу успешен.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент по Македонски јазик и книжевност. Кога не пишува - чита, и обратно. Сигмунд Фројд, нејзините миленичиња, цртани, Фреди Меркјури, стари предмети и Мото ГП.

Поврзани содржини

Остави коментар