Како настанале тетоважите?

Како настанале тетоважите?

Одамна помина времето кога само сомнителни личности, моторџии и морнари имаа тетоважи. Денес, тетоважите без проблем можеме да ги сместиме во уметноста. Покрај тоа што служат како трајни украси на телото, тетоважите се еден вид изразување и чување спомени. Историјата на тетовирање трае неверојатни 5 илјади години. Тетоважите настануваат на таков начин што со помош на игла се нанесува боја под нивото на кожата.

Како настанале тетоважите?

Се верува дека првите тетоважи настанале сосема случајно. Некој човек имал рана која ја триел со раката која му била валкана од пепел и масло. Кога раната заздравела, под кожата останала трајна трага – и така настанале тетоважите.

И покрај тоа што овој тренд расте секојдневно, не постојат многу историски записи за овие „подвижни сликички“.

Како настанале тетоважите?

Во минатиот век, пред 90 години, било пронајдено тело со видливи тетоважи на кожата, кое било проценето дека е старо 1.000 години и стигнало на насловните на сите светски медиуми. Телото било пронајдено во планините помеѓу Австрија и Италија, а имало дури 57 тетоважи.

Случајот со рускиот археолог Сергеј Руденко, кој пронашол тело старо 2.400 години, 150 километри северно од руско-кинеската граница во 1948 година, исто така, потврдува дека културата на тетоважи постои многу подолго отколку што мислиме. На телото имало јасно видливи тетоважи на кои биле прикажани разни животни и чудовишта за кои се сметаат дека имаат магично значење.

Тетоважите се поврзани со многу антички народи. Се верува дека Египќаните практикувале тетовирање дури пред 2.000 години пред Исус, додека пак најстарите забележани јапонски тетоважи биле 3.000 години пред раѓањето на Исус.

Земји за кои е познато дека тетовирањето во својата традиција го имаат со векови се: Индонезија, Нов Зеланд, Индија, Полинезија, па дури и некои европски земји како Грција, Франција, Англија…

Тетоважите кои ги правеле античките народи, во главно биле дел од нивните обичаи, додека денес, тетоважите имаат декоративна улога.

Исчезнувањето на лошата репутација на тетовираните луѓе и оние кои тетовираат, било помогнато од страна на емисиите кои биле снимени во Америка, во кои учествувале неколку тату-мајстори, и биле прикажувани нивните искуства и приказни, како и трогателните причини на луѓето кои се одлучуваат за тетоважа.

Дознајте и што сѐ треба да знаете доколку сакате да се тетовирате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент по Македонски јазик и книжевност. Кога не пишува - чита, и обратно. Сигмунд Фројд, нејзините миленичиња, цртани, Фреди Меркјури, стари предмети и Мото ГП.

Поврзани содржини

Остави коментар