Како изгледаат децата на најубавите жени во модната индустрија? - Part 2

Како изгледаат децата на најубавите жени во модната индустрија?

7. Ќерката на Кејт Мос

Ќерката на Кеј Мос ги следела стапките на нејзината мајка и почнала да ја гради својата манекенска кариера. Девојчето веќе е заштитно лице на козметичка линија од Марк Џејкобс и се појавила на насловните страни на неколку списанија вклучувајќи го и она кое го води нејзиниот татко Џеферсон Хек.

8. Синот на Линда Евангелиста

Една од модните икони од 90-тите, Линда Евангелиста, била во врска со француски милионер наречен Франсоа – Хенри Пино. Кога Пино дознал дека Евангелиста е бремена, раскинал со неа и набрзо се оженил за Салма Хајек. Евангелиста го родила нејзиниот син Августин и имала долгогодишна судска расправија со таткото. Сакала да го натера да плати за детска грижа.

9. Децата на Синди Крафорд

Каја и Пресли Гербер добиле на лото кога е во прашање генетиката! Нивната мајка е легендарен супермодел, а нивниот татко, кој е сопственик на ресторан, исто така порано бил модел. Двајцата наследници на убавите гени стануваат сè попопуларни во модната индустрија, потпишуваат договори со водечки брендови и позираат за списанија. Кога станува збор за популарноста тие не се многу далеку од семејството Хадид.

10. Ќерката и синот на Даутцен Крус

Холандскиот супермодел и актерка Даутцен Крус ја претставува малата етничка група позната како Фризијанци (Frisians). Моделот е во брак со диџејот Санери Џејмс и заедно имаат две деца, синот Филон Џој и ќерката Милена Меј.

11. Синовите на Каролина Куркова

Чешкиот модел Каролина Куркова која беше прогласена за најзгодна росокоса жена во 2007 година има направено над 40 насловни на Вог ширум светот и е една од најплатените модели. Куркова е среќно омажена за филмскиот продуцент Арчи Друри и заедно ги одгледуваат 2-те деца, Тобиан Џек и Ноа Ли.

12. Ќерката на Ирина Шеик и Бредли Купер

Во 2017, руската манекенка Ирина Шеик и актерот Бредли Купер добија ќерка. За жал, парот се раздели во јуни 2019, но нивната ќерка ќе порасне имајќи ги „привлечните гени“ и од двајцата родители.

Што мислите, кои деца најмногу ги наследиле гените од нивните родители?

Погледнете ги и овие слатки моменти меѓу познатите татковци и нивните деца.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар