Како изгледаат децата на најубавите жени во модната индустрија?

Како изгледаат децата на најубавите жени во модната индустрија?

Покрај фактот дека речиси секој супермодел има многу зафатен распоред и работа полна со модни настани и фотосесии, сепак некои од нив успеваат да станат мајки – дури и неколкупати. Природата без сомнение ги надарила со убавина овие жени во модната индустрија, но погледнете ги само нивните деца! Фотографиите во продолжение се доказ дека „убавите гени“ што ги носат овие модели преминале и на нивните деца.

1. Ќерките на Наталиа Водјанова

37-годишната Наталиа Водјанова не само што е светски познат супермодел, таа исто така е и мајка на 5 деца. Кога била мажена за Џастин Портман со него имала 3 деца – синот Лукас Александр и Виктор (од десно) и ќерката Нева (од лево). Другите нејзини 2 деца, Максим и Роман се родиле откако се омажила за Антоан Арнаулт.

2. Синот и ќерката на Алесандра Амбросио

Бразилскиот супермодел и актерка со полско-италијански корени, Алесандра Амбросио, е најпрепознатлива како ангел на Викторија Сикрет. За компанијата работела 17 години. Моделот има 2 ќерки, Ања и Ноа чиј татко е бизнисменот Џејми Мазур.

3. Кендис Свенепол со нејзините синови

Кендис Свенепол е лице кое стои зад многу козметички и парфемски компании. Во 2007 година, за првпат се појавила на модното шоу на Викторија Сикрет и од 2010 официјално станала „ангел“. Свенепол била во врска цели 12 години со моделот Херман Николи. Тие двајца никогаш не стапиле во брак, но ги имаат 2 деца – Анака и Ариел.

4. Ќерката на Хајди Клум

Кога Хајди Клум ја родила нејзината најстара ќерка, се раздвоила од биолошкиот тако на девојчето и започнала врска со пејачот Сеал кој подоцна го посвоил детето. Со годините, Хелене почнала многу да наликува на нејзината мајка. Парот сега има 4 деца: Хелене, Хенри, Адемола, Јохан и Лу. Во 2012 година, Клум и Сеал се разделиле.

5. Ќерката на Ким Бејсингер

Ајрленд Болдвин е ќерка на моделот и актерка, Ким Бејсингер, и на актерот Алек Болдвин. Уште од нејзиното детство таа сакала да стане модел иако била критикувана поради нејзината тежина. Ајрленд не се срами од нејзиното тело и редовно објавува фотографии на нејзиниот Инстаграм профил.

6. Легендарната Твиги и нејзината ќерка

Лесли Хорнбај, позната и како Твиги, е првиот супермодел и икона од 60-тите. Во нејзиниот прв брак со актерот Мајкл Витни, легендарната манекенка ја родила нејзината единствена ќерка Карла. Карла е исто така поврзана со модниот свет како моден дизајнер.

Продолжува на втората страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар