Функционални и забавни: Плетени модни додатоци за летната сезона

Некогаш стриктно резервирани за поегзотичните места, шеширите и плетените чевли се неопходни модни додатоци за ова лето.

Забавни, но во исто време структурирани, тие на секој изглед магично можат да му дадат неформална и лежерна калифорниска вибрација која изгледа одлично и одговара на секој стил. Без разлика дали ова лето ќе патувате некаде или пак ќе останете во градот, со само еден моден акцент ќе можете да го инкорпорирате тропскиот изглед кој е и трендовски и шик.

Функционални и забавни: Плетени модни додатоци за летната сезона

Во кои парчиња да се инвестира? Дознајте во продолжение!

Мини торба

Одлична за секој ден и за носење на основните работи каде и да одите. Таа лесно може да се комбинира во бизнис стил.

Функционални и забавни: Плетени модни додатоци за летната сезона

Плетен визир

Дали сакате да носите релаксирана пунџа или високо да ја кревате косата? Тогаш овој визир е одлична инвестиција за вас која истовремено ќе ви овозможи и заштита на лицето на сонцето!

Функционални и забавни: Плетени модни додатоци за летната сезона

Тркалезна торба

Одите на плажа? На вечерно излегување? Или пак, на работа? Оваа кружна торба е доказ дека тропските вибрации секогаш треба да бидат со вас, дури и на работа.

Функционални и забавни: Плетени модни додатоци за летната сезона

Еспадрили

Одлични за викенд прошетки и за опуштени излети со семејството.

Функционални и забавни: Плетени модни додатоци за летната сезона

Шешир со широк раб

Благодарение на овие шешири, во секое време можеме да изгледаме како вистински дами, без разлика на тоа дали сме во фустан или во фармерки и маица.

Функционални и забавни: Плетени модни додатоци за летната сезона

Федора шапка

Ако не сте фан на големите шешири, федора моделот е одлична алтернатива.

Функционални и забавни: Плетени модни додатоци за летната сезона

Автор: Антонина Велјановска


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар