Каде се наоѓаат најпознатите уметнички дела?

Иако историјата на уметноста е полна со извонредни слики, некои дела успеале значително да се истакнат над другите. Овие ремек-дела привлекуваат посетители од целиот свет и ја задржале популарноста и после неколку векови. Погледнете во кои музеи ширум светот се наоѓаат најпознатите уметнички дела.

1. „Мона Лиза“: Лувр, Париз, Франција

Каде се наоѓаат најпознатите уметнички дела?

Можеби најпознатата слика во светот е дело на Леонардо да Винчи и од 1797-ма година се наоѓа во Лувр.

2. „Тајната вечера“: Санта Марија дела Грације, Милано, Италија

Каде се наоѓаат најпознатите уметнички дела?

И оваа фреска е дело на да Винчи што го завршил во 1489-ма година. Оттогаш до денес делото е вистински бисер на градот.

3. „Ѕвездена ноќ“: Музеј за модерна уметност, Њујорк, САД

Каде се наоѓаат најпознатите уметнички дела?

Ван Гог ја насликал „Ѕвездената ноќ“ додека бил во ментална установа на југот од Франција. Сликата имала неколку сопственици и завршила во Музејот за модерна уметност во 1941-ва година.

4. „Герника“: Музеј на кралицата Софија, Мадрид, Шпанија

Каде се наоѓаат најпознатите уметнички дела?

Големото ремек-дело на Пабло Пикасо е едно од националните богатства на Шпанија. Интересно е што сликата му припаѓала на Музејот за модерна уметност пред да заврши во Мадрид.

5. „Девојка со бисерна обетка“: Маурициус, Хаг, Холандија

Каде се наоѓаат најпознатите уметнички дела?

Сликата е дело на Јоханес Вермер и се наоѓа во музејот од 1902-та година. Познат по огромната колекција на слики од холандската златна ера, овој музеј е совршен дом за сликата.

6. „Раѓањето на Венера“: Галеријата Уфици, Фиренца, Италија

Каде се наоѓаат најпознатите уметнички дела?

Сликата на Ботичели е едно од најважните дела од ренесансата. Раѓањето на Венера се наоѓа во познатата галерија уште од раниот 20-ти век.

7. „Давид“: Академска галерија, Фиренца, Италија

Каде се наоѓаат најпознатите уметнички дела?

Иако мермерната скулптура на Микеланџело била направена со цел да стои надвор, од 1872-ра година таа се наоѓа во Академската галерија во Фиренца.

8. „Бакнеж“: Галеријата Белведере, Виена, Австрија

Каде се наоѓаат најпознатите уметнички дела?

Сликата „Бакнеж“, на Густав Климт, е можеби неговото најпознато и најсакано дело. Сликата била купена од австриската влада и поставена во музејот.

Продолжува на следната страница

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

  1. К Reply

    Не можам да не забележам грешки во буквален превод. Last Supper на македонски е Тајната вечера. Ако имате намера да објавувате сериозни работи и да бидете издржан сајт, мора да внимавате на вакви работи.

Остави коментар