Изненадувачки факт: Кое е највалканото место во тоалетот?

Познато е дека бактериите обожаваат да се собираат во тоалетот, но местото каде што ги има најмногу не е она кое прво би ни паднало на памет, односно не се работи за тоалетната шолја. Омиленото место за собирање на бактериите е една друга површина која при чистењето на тоалетот неретко се занемарува.

Изненадувачки факт: Кое е највалканото место во тоалетот?

Највалканото место во тоалетот е подот. Веднаш откако е исчистен на него може да се соберат околу 1.000 бактерии, по четири на центиметар, а еден час подоцна може да има дури и милион.

Подот не само што е најголемата површина во тоалетот, туку и неретко се занемарува при чистењето. Со оглед на тоа колку нечистотија носиме од надвор и се собира на него, како и влакна од косата, мокри пешкири, теписи и останати козметички производи, не е ни чудно што подот на тоалетот е толку популарно место за размножување на бактерии.

Една од најчестите бактерии на подот во тоалетот се стафилококите, кои можат да завршат на нашата кожа и бактеријата колиформ која се наоѓа во нашите црева. Исто така се наоѓа и бактеријата Ешерихија коли која може да предизвика грчеви и дијареја.

Како најефикасно да го исчистите подот во тоалетот?

Најмалку еднаш неделно темелно исчистете го подот. Доволно е на еден леген со вода да додадете едно до две капачиња средство за чистење. Барем еднаш годишно чистете го подот со интензивно триење.

Најдобар избор за чистење на подот е чистачот на пареа особено ако имате мали деца бидејќи за овој чистач не се потребни дополнителни средства за чистење.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар