Изберете слика и откријте што ќе ви се случи во иднина

Изберете слика и откријте што ќе ви се случи во иднина

Овој тест ќе ви открие нешто за вашата блиска иднина. Вие само треба да ја изберете сликата што ви се допаѓа и да го прочитате вашето предвидување. Која слика ја одбравте?

Изберете слика и откријте што ќе ви се случи во иднина

1. Можеби ќе ве изненади нечие ладно однесување или некои предизвици што ќе се појават и ќе предизвикаат збунетост, вознемиреност и тешкотии при донесувањето одлуки.

Дајте му приоритет на вашето ментално здравје, контролирајте го вашиот ум и не дозволувајте ѝ на негативноста да завладее.

Соочете се со реалноста и грижете се за вашиот живот.

Во љубовта ве чека предизвикувачки период.

Ќе постојат тешкотии во почитувањето на договорот и целите ќе ви бидат различни.

Ви недостасува радост во оваа врска и вашиот живот треба да се движи во друга насока.

Размислете внимателно за тековните и за идните активности.

Во врската е можно влијание од трета страна.

2. Треба да изберете дали сакате да го промените животот или да продолжите да размислувате за вашето страдање.

Оваа слика укажува на страв од постојано доживување болка поради вината што ја чувствувате бидејќи имате лоша слика за себе.

Причината за тоа е што ве натерале да верувате дека не сте доволно способни, а вие се плашите да направите грешка и да се најдете на мета на критичарите.

Другите луѓе не знаат ништо за вас.

Вие сте она што верувате дека сте.

Време е правилно да ги насочите вашите мисли, избори и желби.

Колку повеќе ќе се организирате внатре во себе, толку поорганизиран ќе биде вашиот надворешен живот.

3. Фокусирајте се на вашите идеи, илузии, желби и оставете зад себе сè што ве влече надолу.

Отфрлете сè што веќе не ви е корисно и ви предизвикува болка.

Следете ја светлината на вашиот пат што ќе ве одведе таму каде што се сите одговори.

Заборавете на конфликтите и на нападите, престанете да се браните, она во што верувате и што го чувствувате е посилно од сè.

Верувајте и продолжете понатаму.

Изберете ја сликата што ве привлекува најмногу и откријте што ве чека во декември

Тест: Изберете ја сликата што ве привлекува најмногу и откријте што ве чека во декември

Извор: Atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар